Црква Света Софија (Софија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: римскиот император → римскиот цар using AWB
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: Второ бугарско царство → Второ Бугарско Царство
Ред 44:
Во текот на [[14 век]] градот го преименувал своето име во [[Софија]]. Храмот претставува најстаро светилиште во градот. Храмот бил изграден на највисокиот дел од градот во тоа време. Првиот ранохристијански храм бил изграден најверојатно во почетокот на [[4 век]], веднаш по [[Милански едикт|Миланскиот едикт]] во [[311]] и [[313]] година, недалеку од античката арена на [[Сердика]], каде загинувале христијанските маченици и меѓу источната паганска и христијанска некропола на Сердика. Веројатно била наменета да биде гробница за мачениците. Изградбата на оваа црква најверојатно се случила со одобрување на римскиот цар [[Константин I Велики]] кој често престојувал во градот.
 
Најстарата поголема црква на истото место, чиј под со римски мозаици е зачуван до денес претставува базилика од средината на 4 век. Во 343 година таа станала седиште на познатиот [[Црковен собор во Сердика]]. До [[6 век]] биле направени неколку реновирања на објектот. Во средината на векот црквата била погодена од инвазијата на [[Хуни]]те и [[Готи]]те. [[Јустинијан I]] наредил таа да се изгради повторно како голема базилика посветена исто на ''Пресветата Мудрост''. Се смета дека од тоа време оваа црква го носи до денес денешното име. Се претпоставува дека нејзината архитектура исто така е резултат на грузиското влијание во градот. По [[809]] година кога хан Крум го вклучил Средец во државната територија на Бугарија и особено по покрстувањето храмот продолжил активно да се користи како градска соборна црква и вообичаено место за погреби, поради близината на градската некропола. Во времето на [[Второ бугарскоБугарско царствоЦарство|Второто Бугарско царство]] таа се стекнала со статус на митрополитска црква.
 
По османлиската инвазија базиликата била претворена во [[џамија]] и биле изградени минариња а голем дел од уникатните фрески биле уништени. Најверојатно зградата за првпат била разрушена за време на земјотресот од средината на [[15 век]]. На крајот на [[16 век]] таа била повторно обновена како [[џамија]] од отоманскиот големиот везир од хрватско потекло Сијавуш Паша. Повторно во [[1818]] година и [[1858]] година зградата пострадала од силни земјотреси. Од земјотресот паднало едно минаре. Во овој период џамијата била напуштена.