Портрет на уметникот во младоста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: јазичк → јазичн
Ред 10:
 
===Трета глава===
Стивен е растргнат меѓу своите сексуални потреби и сознанието дека прави страшен грев и поради тоа многу страда. Истовремено, тој ги забележува промените во своето однесување и чувствува дека е различен од своите школски другари и отуѓен од светот. За време на предавањето во колеџот по повод празникот на [[Св. Франциско Ксаверски|св. Франциско Ксаверски]], Стивен е силно потресен од описот на [[пекол]]от и на страдањата на грешниците и запаѓа во агонија. Поради тоа, тој оди во блиската капела за да ги исповеда своите гревови.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 105-151.</ref>
 
===Четврта глава===
Ред 16:
 
===Петта глава===
На универзитетот, Стивен уште повеќе созрева оставајќи го детството зад себе. Таму, тој навлегува подлабоко во [[книжевност]]а, а исто така, за првпат доаѓа во допир со ирскиот [[национализам]]. Сепак, тој и понатаму инсистира на својата посебност и индивидуалност. Така, во една прилика, наспроти сите студенти, тој одбива да се потпише на петицијата за [[мир]] во светот. Во тој период, Стивен почнува да гради своја [[теорија]] на [[естетика]]та, заснована врз учењето на [[Аристотел]] и [[Тома Аквински]]. Неколку пати ја здогледува девојката што ја сака, но нивните односи се студени, иако тој повторно почнува да пишува песни за неа, десет години по неговата прва песна. Најпосле, Стивен не може повеќе да го трпи притисокот на својата средина и, отуѓен од семејството, татковината и [[религија]]та, во него се зацврстува намерата да ја напушти [[Ирска]], велејќи дека не може да му служи на она во што не верува, без оглед дали тоа е домот, татковината или [[Црква|цркватацрква]]та. Една од последните реченици што ги запишува во својот дневник пред заминувањето е следнава: „Јас заминувам за по милионити пат да се соочам со стварноста на искуството и во ковачницата на својата [[душа]] да ја исковам сè уште несоздадената свест на својот народ.“<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 179-266.</ref>
 
==Осврт кон делото==
Џојс започнал да го пишува романот во [[Даблин]], во 1904 година, а го завршил во [[Трст]], во 1914 година.<ref>Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 266.</ref> Романот се одликува со силно изразени автобиографски елементи, зашто исто како главниот јунак Стивен Дедалус и самиот Џојс учел во езуитскиот колеџ Клонгоус, по што се префрлил на колеџот Белведер за најпосле да студира на Универзитетот во Даблин. Романот започнува со зборови од бајките што им се раскажуваат на децата, а завршува со смела и арогантна изјава на човекот кој е толку свесен за својата индивидуалност, што му се чини дека може да биде творец на свеста на својата епоха. Притоа, уште од почетокот на делото се забележува јасен пресврт од [[Реализам|реализмот]] кон субјективизмот и [[Натурализам|натурализмот]] при што авторот дава претстава на постоењето онака како што го доживува тој. Во тој поглед, романот значително отстапува од вообичаената раскажувачка постапка на т.н. „билдунгсромани“, кои го опишуваат развојот на еден човек од детството до зрелоста.<ref>Vida E. Marković, „Džems Džojs“, во: Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 267.</ref> Во него, Џојс целосно го развива својот метод за осветлување на луѓето и животот од внатрешната страна. Уште од првите страници на романот, авторот доследно го дава своето субјективно доживување на светот, изразен во свеста на Стивен Дедалус, кој постепено се еманципира од семејството, татковината и црквата, спротивставувајќи му се на секој наметнат авторитет. Џојс потполно ја остварил целта што си ја поставил во „Портретот на уметникот во младоста“ - ги открил сите можни патишта на нуркање во внатрешноста на човекот и начините на коишто тие можат јазичкијазични да се изразат. Но, тој покажал дека постои и граница што не смее да се помине, зашто по неа [[јазик]]от го губи своето значењето што е најважно во книжевноста, т.е. престанува да биде [[Комуникација|комуникативен]]. Во секој случај, овој роман претставува класично уметничко дело со трајна вредност при што дури Џојс да го напишел само ова дело, тој би го заслужил своето место во англиската и светската книжевност.<ref>Vida E. Marković, „Džems Džojs“, во: Džems Džojs, ''Portret umetnika u mladosti''. Beograd: Rad, 1964, стр. 270-277.</ref>
 
== Наводи ==