Српска православна црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Отоманската Империја → Отоманското Царство using AWB
с →‎Почеток: Јазична исправка, replaced: Византиска империја → Византиско Царство
Ред 30:
[[Срби]]те [[Христијанизација на Словените|христијанството го примиле]] доста бавно. Кон крајот на [[8 век]] завршила борбата помеѓу христијанството и паганството. Во почетокот христијанството во [[Србија]] било под јурисдикција на [[Охридска православна црква|Охридската православна црква]]. [[Растко Немањиќ]] односно [[Свети Сава]] во [[1219]] година успеал да ја организира првата српска црква, позната како [[Пеќска патријаршија|Пеќската архиепископија]], а подоцна [[патријаршија]]. Српскиот владетел [[Стефан Душан]] успеал да го подигне угледот на црквата, и да ги прошири нејзините граници, станувајќи патријаршија. [[Свети Сава]] бил прогласен од страна на [[Цариградската патријаршија]] за прв архиепископ на српскиот народ.
 
Според канонското право, самостојноста на една земја подразбирала и автокефалност на самата црква. По [[1204]] година, седиштето на Вселенската патријаршија било преместено од [[Константинопол]] во [[Никеја]]. Свети Сава имал голема мисија во [[Никеја]], чија цел била признавање на новата српска црква. Најверојатно како резултат на состојбите во тогашната распадната [[ВизантискаВизантиско империјаЦарство]], Вселенската патријаршија дозволила за прв архиепископ на српската црква да биде избран Свети Сава, брат на српскиот крал Стефан.
 
Наследниците на [[Свети Сава]], со поддршка на династијата на кралот Немањиќ во [[1346]] ја создале [[Печка патријаршија|Пеќската патријаршија]]. Со зголемувањето на улогата на српската држава, истовремено растела и моќта на српската црква. Кога кралот Душан одлучил да се прогласи за цар на [[Срби]]те и [[Грци]]те, во исто време старешината на православната црква требало да добие ранг на патријарх. Душан оваа акција ја покренал главно поради политички причини. Според државно-правниот систем во источните земји, царот не можел да биде замислен без патријарх. Освен ова, Душан се надевал дека со освојување на грчката држава, полесно ќе може да ги урамнотежи односите како цар на двата народи, а од друга страна пак би имал патријарх кој достојно ќе го замени вселенскиот. Но, според канонското право, границите на црковните региони секогаш се совпаѓале со оние на земјата. Според ова, Вселенската патријаршија имала ''ipso facto'' јурисдикција над епархиите кои биле одвоени од [[Византија]], а припаѓале на некоја од соседните земји. За прогласување на српската патријаршија, тој се обратил кај [[Второ Бугарско царство|Бугарската држава]].