Гален: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: 5-тиот век → 5 век, 0-тиот век → 0 век using AWB
с Јазична исправка, replaced: Византиската империја → Византиското Царство (2)
Ред 78:
Гален напишал повеќе дела отколку било кој друг автор во античкиот период, натпреварувајќи се по бројноста на делата со [[Свети Августин]]. Неговото творештво било толку обемно, што сочуваните текстови се речиси половина од постоечката литература од Стара Грција. Се претпоставува дека тој имал најмено дваесет запишувачи кои ги запишувале неговите зборови, а исто така се претпоставува дека имал напишано околу 500 трактати,<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books?id=aJgp94zNwNQC&redir_esc=y|title=Science and Technology in World History: An Introduction|last=III|first=James E. McClellan|last2=Dorn|first2=Harold|date=2006-04-14|publisher=JHU Press|isbn=9780801883606|language=en}}</ref> со вкупно околу 10 милиони зборови. Многу од неговите дела, посебно од филозофијата, биле уништени 191-тата година при пожар во [[Храм на мир|Храмот на мирот]], во Рим.
 
Бидејќи делата на Гален во антиката не биле преведени на латински јазик, а поради пропаѓањето на [[Западно Римско Царство|Западната римска империја]] изучувањето на Гален, заедно со грчката медицинска традиција, пропаднало во заборав во [[Западна Европа]] за време на [[Ран среден век|раниот среден век]], кога малкумина од латинските научници знаеле да читаат на грчки јазик. Сепак, Гален и старогрчката медицина продолжиле да се изучуваат во [[Источно римско царство|Источното римско царство]] (ВизантискатаВизантиското империјаЦарство). Сите сочувани грчки ракописи на Гален биле препишувани од византиските научници. Во текот на Абасидскиот период (по 750-тата година), Арапите за првпат почнале да се интересираат за грчките научни и медицински текстови, па некои од Галеновите дела биле преведени на арапски јазик од страна на сириските христијански изучувачи. Поради тоа, постојат Галенови текстови сочувани само на арапски јазик,<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.iep.utm.edu/galen/|title=Galen (130—200 C.E.)|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> додека дел од нив се сочувани како превод од арапски на латински јазик. Во некои случаи научниците се обидувале да преведат од латински или арапски јазик на грчки јазик, таму каде оригиналот на грчки бил изгубен.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://repository.upenn.edu/cgi/viewcontent.cgi?referer=https://en.wikipedia.org/&httpsredir=1&article=1018&context=classics_papers|title=Review of Vivian Nutton, ed.,Galen. On My Own Opinions. Corpus Medicorum Graecorum 5.3.2 Galeni De Propriis Placitis|last=Rosen|first=Ralph M|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
Фалсификувањето на Галеновите дела било распространето уште во негово време, а продолжило сѐ до [[ренесанса]]та. Фалсификатите биле на латински, арапски и грчки јазик. Не постои ниту една авторитативна збирка на неговите дела, а контроверзноста околу автентичноста на неговите текстови сѐ уште важи за голем дел од делата кои му се припишуваат.
Ред 108:
=== Ренесанса ===
[[Податотека:Galen,_Opera_omnia,_dissection_of_a_pig._Wellcome_L0020565.jpg|мини|''Opera omnia'', дисекција на свиња. Венеција, 1565 год.|алт=|311x311пкс]]
Падот на ВизантискатаВизантиското империјаЦарство во 1453 година и појавата на [[ренесанса]]та биле придружени со прилив на грчки научници и ракописи во Западна Европа, овозможувајќи директна споредба меѓу арапските коментари и преводи и оригиналните грчки текстови на Гален. Дебатите во медицинската наука тогаш имале две традиции: поконзервативна арапска и полиберална грчка. Но имало и поекстремни либерални движења кои ја оспорувале улогата на авторитетите во медицината, па така, на пример, [[Парацелзус]] симболично ги запалил делата на Авицена и Гален во неговото медицинско училиште во Базел. Сепак, големината на Гален меѓу великаните на милениумот била прикажана на муралот во манастирот [[Голема Лавра]] на [[Света Гора]], каде меѓу претставените пагански мудреци, Гален бил нацртан меѓу Сибилското пророштво и Аристотел.
[[Податотека:Galenus_-_De_pulsibus._Greek_manuscript_with_latin_translation._Venice,_ca._1550..jpg|лево|мини|Galen. De pulsibus. (Ракопис; Венеција, 1550 год.).|алт=|218x218пкс]]
Крајниот пораз на Галенизмот бил од негирањето на Парацелзус и конструктивизмот на италијанските ренесансни анатоми, посебно од делото на [[Андреас Везалиус]] од 16 век. Овој фламански лекар и анатом во 1530 година се нафатил на голем проект на преведување на многу грчки текстови на Гален на латински јазик. Неговото дело ''De humani corporis fabrica'' било напишано под влијание на Галеновиот начин на пишување и форма. Во обид да ги испита критички методите на Гален, Везалиус правел дисекција на човечки труп како начин на верификација. Преку своите книги и демонстрации, тој ги покажал ограничувањата на Гален и покрај силното спротивставување на традиционалните про-Галенисти, каков што бил францускиот анатом [[Јакобус Силвиус]]. Испитувањата на Везалиус ги отфрлиле теориите на Аристотел и Мондино де Луизи. Едно од најпознатите отфрлувања на Галенизмот била демонстрацијата на Везалиус за непропустливоста на интервентрикуларниот септум. Напуштањето на одредени сфаќања на Гален, посебно во анатомијата на циркулаторниот систем, било постепено низ целиот период на ренесансата и се должело на работата не само на Везалиус, туку и на неговите следбеници: неговиот студент [[Мигел Сервет]],<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.miguelservetinvestigacion.com/ENGLISH/works.html|title=WORKS OF MICHAEL SERVETUS OR MICHAEL DE VILLANUEVA|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> неговиот соработник Франциско Гонзалес Ечевериа, лекарот [[Џон Кајус]], саксонскиот хуманист [[Јанус Корнариус]] и други.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Гален