Разлика помеѓу преработките на „Пела“

Одземени 2 бајти ,  пред 1 месец
с
→‎Хиподамов план: Додадена категорија, replaced: Халкидики → Халкидик
с (→‎Археологија: Правописна исправка, replaced: Солунскиот залив → Солунскиот Залив using AWB)
с (→‎Хиподамов план: Додадена категорија, replaced: Халкидики → Халкидик)
Самиот град се наоѓал јужно и под палатата. Бил распореден по [[решеткаст план]] обмислен од [[Хиподам од Милет]]. Се состоел од две низи на паралелни улици кои се пресекувале под прав агол, правејќи решетка од осум реда на квадратни блокови. Овие блокови се со стандардна ширина (околу 45 m) и должина која варирала од 111 до 152 m, а најчеста должина била 125 m. Улиците биле широки од 9 до 10 m, освен главната артерија исток-запад, која била до 15 m во ширина. Оваа улица е главниот пристап до јавната [[агора]] во центарот, која зафаќала место за 10 блока. Исто така пошироки од останатите биле две улици север-југ кои воделе до пристаништето на југ. Сите улици имале водовод, одвод и канлизација.
 
Овој план датира од првата половина на IV век п.н.е. и по дизајн е многу близок до идеалниот, иако отскокнува по големината на блоковите; на пример [[Олинт]] и [[ХалкидикиХалкидик]] имале блокови со димензии 86,3 x 35 m. Подоцнежните хеленски градови имаат блокови слични на оние на Пела: 112 x 58 m во ''[[Латакија]]'' или 120 x 46 m во [[Алеп]].
 
[[Агора]]та се наоѓала на почесно централно место, со димензии 200 x 181 m или 262 x 238 m ако се бројат [[портик|портиците]] што ја опкружуваат од сите страни.