Кинески јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Говорен кинески: Јазична исправка, replaced:  km →  км (2) using AWB
с →‎Историја и еволуција: Јазична исправка, replaced: Нанџинг → Нанѓинг
Ред 126:
Развојот на говорните кинески јазици низ историјата е комплексен. Највеќето Кинези во [[Сечуан]] и во широк лак од североистокот ([[Манџурија]]) до југозападот ([[Јинан]]), зборуваат разни мандарински дијалекти како [[домашен јазик]]. Распространетоста на мандаринскиот ширум северна Кина главно се должи на севернокинеските рамници. За разлика од ова, планините и реките на средна и јужна Кина допринеле кон јазичното разнообразие.
 
Сѐ до средината на XX век, највеќето кинези зборувале само на нивната родна варијанта на кинески. Бидејќи [[НанџингНанѓинг]] бил [[главен град|престолнина]] за време на раната династија [[Минг (династија)|Минг]], нанџиншкиот мандарински станал доминантен барем до подоцнежниот период на официјално [[манџурски јазик|манџуројазичното]] царство [[Чинг (династија)|Чинг]]. Од XVII век, во царството се отвориле [[правоговор]]ни академии (трад. 正音書院, упр. 正音书院, Ченгјин Шујиан) за распространување на говорот од Пекинг, како престолнина на династијата Чинг, но тие не доживеале успех. За време на последните педесет години на династијата Чинг во доцниот XIX век, пекиншкиот мандарински конечно го заменил нанџиншкиот на царскиот двор. Меѓутоа за поширокото население, не постоел единствен стандард за мандаринскиот јазик. Немандаринските говорници во јужна Кина и понатаму продолжиле да ги користат нивните дијалекти и говори во секоја сфера на живеењето. Новиот пекишнки мандарински се зборувал само од функционери и чиновници и затоа бил прилично ограничен.
 
Ситуацијата не се променила сѐ до средината на XX век, со создавањето на (во НР Кина Тајван, но не во Хонгконг) на задолжителен образовен систем посветен на учење на [[стандарден мандарински јазик|стандардниот мандарински]]. Како резултат на ова, мандаринскиот денес го зборуваат сите млади и средовечни Кинези од континентална [[Кина]] и [[Тајван]]. Во [[Хонгконг]] пак, во британско колонијално време се користел [[Стандарден кантонски јазик|стандардниот кантонски]], а не мандаринскиот (заради големиот број на кантонски говорници) и денес тој е сè уште службен јазик во образованието, формалниот говор и секојдневниот живот, но мандаринскиот станува сѐ повлијателен по [[Предавање на суверенитетот на Хонгконг|неговото интегрирање во Кина во 1997]].