Зошто ние Македонците сме одделна нација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
с →‎Делови од статијата „Зошто ние Македонците сме посебна нација“: Јазична исправка, replaced: Турската империја → Османлиск using AWB
Ред 26:
'' 1. '''Територијата на Македонците е одделна од територијата на грчката, бугарската и српската нација. Таа има утврдени географски и етнографски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море со пространство од 65 илјади кв. километри'''. Тоа што денеска Македонија е распарчена - тоа е резултат на империјалистичките мировни договори. „Раскинувањето на единствената македонска територија на делови и нивното приклучување кон бугарската, српската и грчката држава е насилно<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.90</ref>.“''
 
'' 2. Економски Македонија претставува една целина одделена од државите што ја владеат. Уште под власта на ТурскатаОсманлиското империјаЦарство [[Македонија]] тргна патот на својот самостоен развиток, подоцна но независно од Србија, Бугарија и Грција... Со појавата на капиталистичкото стопанство и во Македонија овде се создадоа внатрешни трговски патишта и пазари со еден општ и главен центар - [[Солун]], а не [[Белград]], [[Софија]] или [[Атина]]<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.90-91</ref>.''
 
'' 3. '''[[Македонски јазик|Јазикот]] на луѓето што ја сочинуват македонската нација е словенски, со особен дијалект - македонски.''' Тоа е јазик заеднички за нив. Различните провинцијални нијанси во македонскиот јазик се резултат на неизживеаните остатоци од некогашната родовска и феудална испокинатост на Македонија. Меѓутоа провинцијализмот на овој јазик се покрива со еден општ '''македонски словенски дијалект''' по кој секој го разликува Македонецот од Србинот, од Бугаринот, од Русинот и од секој човек од која и да е друга словенска нација. Провинцијалните нијанси во јазикот уште не се ликвидирани дури ни кај најразвиените нации, а не кај македонската нација којашто е национално поробена, не е организирана во своја национална држава и уште не изградила литературен јазик. Освен по дијалектот македонскиот јазик се разликува од српскиот и бугарскиот и по тоа што во него старословенскиот елемент е многу позачуван и содржи повеќе зборови што ги нема во јазиците на соседните други словенски нации<ref>''Македониум - антологија на македонската национално-политичка мисла''. (печатен прилог во весникот Дневник по повод 100 години Илинден. Круг, Скопје, 2003. стр.91</ref>. ''