Светла (Ледена) Пештера: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
'''Светла''' или '''Ледена''' (меѓу мештаните позната како '''Здравевска Пештера'''<ref>Според кажување на мештаните Целе и Ангеле, забележал [[Корисник:Македонец|Марио Шаревски]] на 28.04.2018</ref>) — пештера во [[Македонија]], од видот на ледени пештери. Претставува пештера која е сместена во еден од најинтересните и најзначајните карстни предели во [[Македонија]] во [[Општината Сопиште]] во атарот на селото [[Нова Брезница]] на надморска висина од 990 метри. Се наоѓа на висорамнината Шумјак околу еден час пешечење јужно од селото во месноста викана '''Долни Бунари'''. Лесно е достапна и е на само 30 километри од [[Скопје]]. Она што ја прави пештерата атрактивна е минеролошкиот феномен – [[калцит]]ни [[кристал]]и со голема проѕирност. Зимно време со струењето на воздухот поради обликот на пештерата, која е во форма на чизма, од подот и таваницата на пештерата се создаваат импозантни ледени украси, а таа станува вистинска ледена убавица, по што го добила и името. Единствена е од ваков вид досега откриена во Македонија. Освен пештерата, реонот до неа и околу неа го прави атрактивен и природата која изобилува со многу природни реткости, бунари, мали езерца, богат животински и растителен свет.<ref>{{наведено списание|date=10.2009/01.2010|title=Пештера Ледена во Нова Брезница|journal=Информатор на општина Сопиште|language=македонски|url=http://opstinasopiste.gov.mk/images/stories/Sopiste_Informator.pdf}}</ref>
Кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдестетите, спелеолошкото друштво „Пеони“ вршело истражувања на неколку пропасти, сместени на висорамнината Копање, при што пропаста во тоа време означена како '''Пеони III''' во голем дел одговара на Светла Пештера, а за неа спелеолозите запишале дека таа е типична ѕвонеста пропаст, која во длабочината е поширока<ref name="Манаковиќ">{{наведено списание|last=Манаковиќ|first=Душан|year=1973|title=Пештери и пропасти во Скопската
==Галерија==
|