Разлика помеѓу преработките на „Анџело Ди Ливио“

Додадени 249 бајти ,  пред 1 месец
с
с
Своето деби за [[Фудбалска репрезентација на Италија|сениорската репрезентација на Италија]] го направил на возраст од 29 години, на 6 септември 1995, во натпреварот Италија-{{NazNB|FUrep|SLO}} (1-0). Потоа тој бил повикуван од страна на четири различни селектори и учествувал на неколку турнири: [[Европско првенство во фудбал 1996|Европското првенство 1996]] во Англија (под водство на [[Ариго Саки]]), [[Светско првенство во фудбал 1998|Светското првенство 1998]] во Франција (со Чезаре Малдини), [[Европско првенство во фудбал 2000|Европското првенство 2000]] во Белгија и Холандија (со Дино Ѕоф) и, речиси со 36 години, настапил и на [[Светско првенство во фудбал 2002|Светското првенство 2002]] во Јужна Кореја и Јапонија (со Џовани Трапатони).
 
На 18 јуни 2002 година, Ди Ливио го одиграл својот последен натпревар во националниот дрес, во осминафиналето на мундијалот во 2002, против домаќинот {{NazNB|FUrep|KOR}}: незаборавно, во текот на овој натпревар, сите погледи биле свртени кон судијата [[Бајрон Морено]], кој го исклучил од игра [[Франческо Тоти]].<ref>{{Cite web|url=https://www.calcionews24.com/di-livio-italia-corea-del-sud-2002-fu-uno-scandalo-lo-sanno-tutti/|title=Di Livio: «Italia-Corea del Sud 2002 fu uno scandalo, lo sanno tutti»|date=21 мај 2020|accessdate=16 јуни 2020}}</ref> Во една изјава потоа Ди Ливио рекол дека судијата Морено му го уништил мундијалот.<ref>{{Cite web|url=http://www.violanews.com/news.asp?idnew=57533|title=Di Livio: «Moreno rovinò il mio Mondiale»|date=8 јуни 2010|accessdate=9 август 2010|deadurl=yes}}</ref>
 
Вкупно тој забележал 40 настапи за ''аѕурите'', од кои само во 12 играл од почеток до крајот на натпреварот.