Анџело Ди Ливио: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 61:
И покрај силната врска која ја имал со Јувентус, во летото 1999 година тој бил продаден против негова волја во {{Fb team (N) Fiorentina}}. Дебитирал за ''виола'' на 11 август 1999, во натпреварот од квалификациите за [[УЕФА Лига на шампиони 1999/2000|Лигата на шампионите]] против полската екипа {{Fb team (N) Widzew Lodz}}, во кој неговиот тим забележал победа со 3-1 на [[Стадион Артемио Франки|Артемио Франки]]. Својот прв гол во виолетовиот дрес го постигнал на 6 ноември 1999, во ремито 1-1 на гостувањето против {{Fb team (N) Cagliari}} во Серија А.
 
Во сезоната 2000-2001, Ди Ливио го освоил својот прв трофеј со Фјорентина, [[Фудбалски куп на Италија 2000-2001|Купот на Италија]], после победата со вкупен резултат 2-1 во финалето против {{Fb team (N) Parma}}; ова бил неговиот втор трофеј во купот во неоватанеговата кариера по оној освоен со ''бјанконерите'' шест години порано. Сепак, само година дена по овој успех, следеле тешки денови за клубот од [[Фиренца]] кој се соочил со големи финансиски проблеми и на крајот со испаѓање од Серија А по 7 последователни сезони таму.
 
Набргу потоа во 2002 година Фјорентина прогласила банкрот, по што била преместена во [[Серија Ц2]] под новото име [[Флорентија Виола сезона 2002-2003|Флорентија Виола]], а Ди Ливио - кој бил назначен за [[капитен]] на ''виола'' во претходната сезона - решил да остане со цел да му помогне на клубот во овие тешки денови. Откако клубот, кој станал носител на спортската традиција на исчезнатиот популарен италијански клуб, го освоил Ц2 првенството тие истовремено добиле уште една промоција и право да играат во Серија Б следната сезона заради спортските заслуги остварени во минатото. Следната сезона во Серија Б, клубот го вратил старото име Фјорентина, а Ди Ливио одиграл 41 натпревар и постигнал 4 гола; тој исто така играл за својот тим и во двата натпревари против {{Fb team (N) Perugia}} во плејофот за промоција во Серија А, помагајќи му на клубот конечно да се врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал по само две години пауза.