Тарот-карти: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+
+
Ред 28:
 
Од тогаш, се појавиле огромен број на различни шпилови тарот карти. Во многу системи се користи следнава асоцијација на четирите елементи: мечевите се воздух, стаповите се оган, чашите се вода и паричките се земја. Користени се асоцијации од: [[нумерологија]] (посебно нумерологијата на [[Питагора]]), [[астрологија]], херметичката [[Кабала]] (секоја карта од големата аркана претставува еден пат од [[дрво на животот|дрвото на животот]]), [[И Чинг]], [[христијанство]], [[Аура-Сома]] и други.
[[Image:Tarotkarten.jpg|thumb|left|„Келтски крст“ - еден од методите на употреба на тарот картите за предвидување.]]
 
== Алистер Кроули и тарот картите==
Од езотеричните шпилови на тарот карти до денес најмногу се користат Тот тарот картите на [[Алистер Кроули]], кој најголемиот дел од животот го посветил на [[окултизам|окултизмот]]. Овој шпил карти е дизајниран од страна на Алистер Кроули, а картите ги сликала Лејди Фрида Харис според неговите инструкции. Заено со книгата со упатства за употреба на картите, овој шпил карти се учат во херметичкиот ред [[Златна зора]], во [[Ордо Темпли Оријентис|О.Т.О.]], како и во редот [[Телема]]. Илустрациите на картите се уметнички, а воведени се и некои измени, како на пример неколку карти од големата аркана се преименувани, и исфрлени се толкувањата за превртените карти.
 
==Превртени карти==
Некои од методите за употреба на тарот картите картите кои се појавуваат превртени (наопаку) ги толкуваат различно.<ref> Huson, Paul, ''Mystical Origins of the Tarot'', p. 59 </ref>. Најчесто превртената карта се смета дека го има спротивното значење од она што истата карта го има кога не е превртена. На пример: картата од големата аркана со број 17, „Ѕвезда“ кога е правилно поставена се толкува како - надеж, верба, прекрасна перспектива, а кога е наопаку свртена означува - разочарување, песимизам, недостаток на можности. Сепак, не користат превртени карти сите методи на употреба на тарот картите ([[Тот]] тарот картите на [[Алистер Кроули]] не се занимаваат со превртените карти).
 
== Тарот картите денес ==
Денес постојат бројни видови на различни шпилови тарот карти. Како на пример: Тот тарот карти, Цигански тарот, Тарот Аквариус, Анѓелски тарот, Езотеричен тарот, Астрал тарот, Астролошки тарот, Вештерски тарот, Алхемиски тарот, Тарот на луѓето мачки, Митски тарот, итн.
 
==Референци==