Овче Поле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 33:
Во описите на релјефот на [[Македонија]], во својата книга [[Материјали по изучувањето на Македонија]] од [[1896]] година, македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] за Овче Поле запишал дека тоа има валчест облик и должина од запад кон исток од 8 часа, а широчина од север кон југ 4 часа. Своето име го должи на богатите пасишта, по кои што пасат многу стада од овци. Тоа е широко, откриено поле со пустинообразен вид, пресечно со голи, грозни височини, кои што се протегаат по него во различна поставеност.
 
Овче Поле го исполнува пространството меѓу [[Вардар]] од југ, [[Брегалница]] до устието на [[Злетовица]]] во неа на исток, реката [[Пчиња]] на запад и [[Плавица]] пл. со нејзиното продолжение до Пчиња во Кумановско од север]<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|editor=превод: Марио Шаревски|edition=2016|year=1896|pages = 129|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Рамките кои што се испуштаат од Црн Врв (плавичкиот Црн Врв) го разделуваат Овче Поле на три делови: средишен или само Овче Поле, Светиниколско и Злетовско Поле. Самото Овче Поле е главниот дел од таа голема рамнина. Со округла форма тоа има дожина помеѓу [[Велес]] и [[Штип]] од 8 часа и широчина до [[Вардар]] на југ од 4 ½ часа. Од запад и север тоа е заградено со голи и ниски рудини, кои што се среќаваат во неговиот северозападен крај. Северниот дел на самото Овче Поле претставува една округлеста рамнина, заградена со опишаните височини во чие најдлабоко место протекува Богословскиот Поток. Јужниот дел му претставува гола ридеста месност, која што по на север има црвено глинеста почва, на која што виреат лозјата, а во јужниот крај има белоглинеста и белокаменеста почва, речиси сосема непогодна за обработување.