Овче Поле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 33:
[[File:Ridot-Bogoslovec-vo-Ovche Pole.jpg|thumb|250px|Ридот [[Богословец (планина)|Богословец]] на јужниот раб на Овче Поле]]
Теренот на котлината е главно рамничарски, со благи заридести делови во северниот и средишниот дел. Низ Овчеполието минува доста фреквентниот и важен експресен пат [[Велес]] - [[Штип]]. На северозапад Овче Поле е оградено со ниската [[Градиштанска Планина]] (861 м.), а на североисток со [[Манговица]] (741 м.). Помеѓу овие две ниски планини се наоѓа превојот Караула преку кој минува регионалниот пат [[Свети Николе]]-[[Куманово]] (40 км). На југ Овче Поле е заградено од ниските ридови [[Богословец (планина)|Богословец]] (755&nbsp;м) и [[Иланџа]] (664&nbsp;м) кои го одделуваат Овчеполието од долината и долното течение на реката [[Брегалница]] наречено [[Сландол]]. Кон исток и запад Овче Поле е отворено кон [[Велешка Котлина|Велешката]] и [[Штипска Котлина|Штипската Котлина]]. Во овие граници Овчеполската котлина зафаќа површина од {{км2|670}}<ref name="Трифуноски">Трифуноски, Ф. Јован. ''„Овчеполска котлина“''. Зборник, насеља и порекло становништва, 1961, стр. 586</ref>. Најголемата должина изнесува 32&nbsp;км, додека најголемата широчина по линија повлечена меѓу селата [[Врсаково]] на исток и [[Милино]] на запад изнесува 26&nbsp;км<ref name="Трифуноски" />. Најниската точка се наоѓа во рамнината на котлинското дно кај селото [[Делисинци]] и изнесува 231 метар<ref name="Трифуноски" />. Гледано во целина, во Овче Поле се издвојуваат три засебни географски предели, „поле“ односно алувијалната рамина со просечна височина околу 260&nbsp;м, ридестиот предел наречен „баири“ и рабовите по границите на котлината кој се нарекува „планина“<ref name="Трифуноски" />.
 
Во описите на релјефот на [[Македонија]], во својата книга [[Материјали по изучувањето на Македонија]] од [[1896]] година, македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] за Овче Поле запишал дека тоа има валчест облик и должина од запад кон исток од 8 часа, а широчина од север кон југ 4 часа. Своето име го должи на богатите пасишта, по кои што пасат многу стада од овци. Тоа е широко, откриено поле со пустинообразен вид, пресечно со голи, грозни височини, кои што се протегаат по него во различна поставеност.
 
Овче Поле го исполнува пространството меѓу [[Вардар]] од југ, [[Брегалница]] до устието на [[Злетовица]]] во неа на исток, реката [[Пчиња]] на запад и [[Плавица]] пл. со нејзиното продолжение до Пчиња во Кумановско од север. Рамките кои што се испуштаат од Црн Врв (плавичкиот Црн Врв) го разделуваат Овче Поле на три делови: средишен или само Овче Поле, Светиниколско и Злетовско Поле. Самото Овче Поле е главниот дел од таа голема рамнина. Со округла форма тоа има дожина помеѓу [[Велес]] и [[Штип]] од 8 часа и широчина до [[Вардар]] на југ од 4 ½ часа. Од запад и север тоа е заградено со голи и ниски рудини, кои што се среќаваат во неговиот северозападен крај. Северниот дел на самото Овче Поле претставува една округлеста рамнина, заградена со опишаните височини во чие најдлабоко место протекува Богословскиот Поток. Јужниот дел му претставува гола ридеста месност, која што по на север има црвено глинеста почва, на која што виреат лозјата, а во јужниот крај има белоглинеста и белокаменеста почва, речиси сосема непогодна за обработување.
 
Централно и најголемо населено место во Овче Поле е градот [[Свети Николе]].