Разлика помеѓу преработките на „Анџело Ди Ливио“

Додадени 228 бајти ,  пред 1 месец
нема опис на уредувањето
Вкупо за Јувентус одиграл шест сезони во кои забележал 269 настапи и постигнал 6 гола.
 
===Фјорентина===
И покрај силната врска која ја имал со Јувентус, во летото 1999 година тој бил продаден против негова волја во {{Fb team (N) Fiorentina}}.
 
Во летото 1999 Ди Ливио се пресели во редовите на [[ФК Фјорентина|Фјорентина]] на 33 годишна возраст. Тој успеа да триумфира во [[Coppa Italia]] со ''виола'' во сезоната 2000-01, по што следеа тешки дeнови за тимот од [[Фиренца]]. Веќе следната сезона тимот испаѓа од [[Серија А]], а набргу потоа и објавува банкрот по што започнува одпочеток да се натпреварува, и тоа во [[Серија Ц2]] под името Флорентиа Виола. Ди Ливио беше еден од малкуте играчи од тогашниот состав кој останаа да настапуваат за клубот во Ц2. По промоцијата во [[Серија Б]] (веќе следната сезона), тимот го враќа своето старо име Фјорентина. И покрај тоа што веќе беше во поодминати фудбалски години, Ди Ливио реши да продолжи да игра за клубот со цел да му помогне да се врати во [[Серија А]], на тој начин оддолжувајќи го пензионирањето. Тој успева во својата цел изборувајчи промоција во Серија А и Објави дека ќе остане уште за една сезона поради неговата желба одново да заигра на највисокото ниво. Тој одигра 12 натпревари во сезоната 2004-05 во Серија А по што се повлече од фудбалот. Последниот официјален натпревар го одигра на 29 мај 2005 во победата на [[ФК Фјорентина|Фјорентина]] над [[Бреша Калчо|Бреша]] со 3-0.