Тарот-карти: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+
+
Ред 17:
Најстарите зачувани до денес тарот карти се три шпила изработени кон средината на [[15 век]] за членовите на семејството [[Висконти]]. Едниот шпил (од само 66 карти) се знае дека е изработен од анонимен сликар за Филипо Мариа Висконти, а денес се чува во универзитетската библиотека во Њу Хевн.
 
Долго време тарот картите биле привилегија само за припадниците на високите класи, и биле изработувани рачно, сè до појавата на печатниците. Масовното производство на тарот карти станало можно, и од тоа време до денес се зачувани шпилови изработени во [[Франција]], посебно во [[Марсеј]].
 
Првите јавно користени тарот карти за предвидување потекнуваат од Франција, а изработени се од [[окултизам|окултистот]] познат под псевдонимот „Етеила“, кој работел како гледач на карти кратко пред [[Француската револуција]]. Етеила го дизајнирал првиот шпил на [[езотерија|езотерични]] тарот карти, додавајќи [[астрологија|астролошки]] и [[египетска митологија|египетски]] мотиви.
Така, тарот картите конечно се поврзале со [[мистицизам|мистицизмот]] и [[магија]]та,<ref>Huson, Paul ''Mystical Origins of the Tarot: From Ancient Roots to Modern Usage''. Vermont: Destiny Books, 2004</ref> иако не биле нашироко прифатени од [[мистицизам|мистиците]], [[окултизам|окултистите]] и [[тајни здруженија|тајните здруженија]] сè до 18 и [[19 век]].
 
== Елифас Леви и тарот картите==
Идејата да се додаде на тарот картите мистичен елемент натаму ја развил [[Елифас Леви]], и после него се раширила во земјите од англиското говорно подрачје.
 
==Референци==