Разлика помеѓу преработките на „Анџело Ди Ливио“

Додадени 142 бајти ,  пред 1 месец
нема опис на уредувањето
Своето деби во [[Серија А]] го имал возраст од 27 години, на 5 септември 1993 година во гостинскиот натпревар против клубот во кој поникнал, {{Fb team (N) Roma}}, што завршил 2-1 за домаќините. Својот прв гол за ''бјанконерите'' го постигнал на 27 октомври, во поразот со 4-3 од [[ФК Венеција|Венеција]] во [[Фудбалски куп на Италија|Купот на Италија]], додека својот прв гол во лигата го постигнал на почетокот на неговата втора сезона во Јувентус, на 25 септември 1994 година, во победата со 1-0 на домашен терен над {{Fb team (N) Sampdoria}}. Втората сезона во [[Торино]] под водството на новиот тренер [[Марчело Липи]] ја завршил со 27 настапи (1 гол) во [[Серија А 1994-1995|Серија А]] и 9 настапи во [[Фудбалски куп на Италија 1994-1995|Купот на Италија]], помагајќи му на Јувентус да ја освои [[Двојна круна (фудбал)|двојната круна]]: првенството и купот, што биле и првите два освоени трофеи во кариерата на Ди Ливио. Клубот исто така стигнал до финалето на [[Куп на УЕФА 1994-1995|Купот на УЕФА]], каде биле поразени од друг италијански клуб {{Fb team (N) Parma}} со вкупен резултат 2-1 за ''млекарите''. Ди Ливио играл и во двата финални натпревари.
 
Во сезоната 1995-1996, Ди Ливио го постигнал својот прв гол во европските натпревраувања, откако ја погодил мрежата на [[Романија|романската]] екипа [[ФК Стеауа Букурешт|Стеауа Букурешт]] во победата со 3-0 на [[Деле Алпи]] во групната фаза од [[УЕФА Лига на шампиони 1995/96|Лигата на шампионите]]. Својот трет трофеј со Јувентус го освоил во [[Суперкуп на Италија 1995|Суперкупот на Италија]] по победата со 1-0 над Парма во Торино; тој се појавил во игра од клупата за резерви на местото на стрелецот на единствениот гол во овој натпревар [[Џанлука Вијали]] во 78-мата минута. И во текот на оваа сезона тој бил стандарен првотимец забележувајќи 44 настапи во сите натпреарувања. Јувентус не успеал да ги одбрани титулите во Серија А и Купот на Италија, но затоа ја освоиле својата втора титула во [[УЕФА Лига на шампиони 1995/96|Лигата на шампионите]], победувајќи го холандскиот {{Fb team (N) Ajax}} во [[Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 1996 година|финалето]] одиграно во [[Рим]] по изведување на пенали со 4-2 откако во регуларниот тек на натпреварот и продолженијата резултатот бил нерешен 1-1.
 
===Фјорентина===