Андреј Вознесенски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Биографија: Јазична исправка, replaced: дестинации → одредишта using AWB
Ред 32:
Неговата прва збирка песни под наслов "Парабола" е објавена во [[1958]] година и таа веднаш го прикажала неговиот оригинален стил, карактеризиран со живата тендеција да "''се вреднува''" современиот човек преку модерни категории и слики, преку ексцентрични [[метафора|метафори]], преку сложен ритмички систем и богати звучни ефекти. [[Владимир Мајаковски]] и [[Пабло Неруда]] најчесто се цитираат како поетите кои најдлабоко влијаеле врз неговото творештво, иако тој самиот, како свои најголеми примери ги истакнувал доцниот [[Хуан Миро|Миро]] и раниот [[Корбизје]].<ref>Matija Bećković, "Pogovor", во: Andrej Voznesenski, ''Antisvetovi''. Beograd: Prosveta, 1969, стр. 156-158.</ref>
 
Вознесенски бил еден од таканаречените "деца на 60-тите", една генерација мислители кои го вкусила интелектуалното ослободување за време на постсталинистичкото одмрзнување. Неговите иновативни стихови ги иритирале властите и тој честопати бил критикуван од конзервативните советски писатели. Во историјата ќе остане запаметено дека во [[1963]] година во [[Кремљ]] јавно бил критикуван од тогашниот шеф на советската држава [[Никита Хрушчов]], кој хистерично викал: „Земете го пасошот и заминете надвор, господине Вознесенски“.<ref name="utrinski.com.mk"/><ref name="vest.com.mk">[http://www.vest.com.mk/?ItemID=23B53AEA2B785D478E56574AF5443848 Вест, "Замина бунтовникот Андреј Вознесенски", 1 јуни 2010.]</ref> Во текот на [[1960]]тите, Вознесенски редовно патувал во странство: [[САД]], [[Франција]], [[Германија]], [[Италија]] и неколку други земји биле неговите најчести дестинацииодредишта. Притоа, популарноста на Вознесенски била обележана со голем број рецитации пред илјадници воодушевени слушатели на [[стадион]]и, во концертни сали и на [[факултет]]и. Една негова збирка песни, "''Antimiry''" ("''Анти-светови''") била основа за една многу позната претстава, поставена од познатиот режисер [[Јулиј Љубимов]] во театарот [[Таганка]] во [[1965]] година. Тогаш, на сцената за првпат со гитара се појавил [[Владимир Висоцки]], кој подоцна станаl голема руска и советска ѕвезда. Вознесенски со своите текстови ги инспирирaл и другите познати режисери, како [[Марко Захаров]] од театарот „Ленком“, а [[Родион Шчедрин]] ја компонирал музиката.<ref name="utrinski.com.mk"/>
 
Пријателството на Вознесенски со голем број од тогашните видни писатели и уметници имала свој одраз во неговата [[поезија]] и [[есеистика]]. На пошироката публика ѝ е најпознат најмогу по супер-хитот ''Милион скарлетни ружи'' напишан за [[Ала Пугачева]] во [[1984]] година и по особено успешната [[рок-опера]] ''Juno and Avos'' ([[1979]]), базирана врз животот и смртта на рускиот благородник [[Николај Резанов]]. Вознесенски во 1979 година учествувал во создавањето на алманахот „Метропол“. Вознесенски сакал и да експериментира, па создавал „видеоми“ така што текстот го пишувал во форма на цртежи. Така, во вид на крст го напишал циклусот „Распетие“.