Аеродром Свети Апостол Павле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Заменет застарен назив, replaced: Општина ДебарцаОпштина Дебрца (2) using AWB
с →‎Историја: Јазична исправка, replaced: дестинации → одредишта using AWB
Ред 61:
Во период март-мај 1990 година е изведена реконструкција на полетно-слетната патека и другите маневарски површини на аеродромот.
 
Меѓутоа, во 1990 и 1991 година, неколку настани и случувања од сферата на општественото, политичкото и економското живеење во просторите на заедничката држава, кои биле причина за огромни промени на регионален план, предизвикале големи промени во работењето и функционирањето и на охридскиот аеродром и всушност го одредиле преломниот момент во неговиот понатамошен развој. Практично, со тоа завршува вториот развоен период на Аеродромот Охрид. Без оглед на бројноста на домашните воздушни превозници и шареноликоста на нивната флота и без оглед на воспоставените воздушни релации кои ја поврзаа [[Република Македонија]] со светот, никој од нив не се обиде да направи посериозни напори за да го поврзе охридскиот аеродром со атрактивните меѓународни дестинацииодредишта и да му ја врати „старата“ слава.
 
Во периодот 1994-1995 година извршена е комплетна реконструкција и проширување на пристанишната зграда, со што се подобрени условите и зголемени можностите за ефикасно извршување на активностите околу регистрацијата на патниците и нивниот багаж.