Дела на светите апостоли: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета Категорија:Чуда од Новиот завет користејќи го HotCat
с Правописна исправка, replaced: и.т.н. → итн. using AWB
Ред 1:
{{Книги од Новиот Завет}}
'''Дела на Апостолите''' е една од книгите која спаѓа во канонскиот [[Нов Завет]], и кој се користи во сите православни и римокатолички, како е во останатите христијански деноминации како протестанти, јехови сведоци, адвентисти и.т.нитн.
 
Според научните истражувања, оваа книга се препишува на авторот на [[Евангелие по Лука|Евангелието по Лука]], односно [[Апостол Лука]]. Како и според евангелието на Лука, така и Делата на Апостолите започнуваат со обраќање кон Теофил, кој според некои бил римски големец. Според некои тој бил римски судија на судот на кој требало да му биде судено на [[Апостол Павле]].
 
Во целина, Апостолски дела немаат конкретен назив, бидејќи поголемиот дел од книгата се однесува на животот и делото на апостолите Павле и Петар. За разлика од нив, останатите апостоли се споменуваа само неколку пати. Според некои научници, адекватниот наслов на книгата бил ''Дела на Светиот Дух''.
Ред 8:
== Автор и име ==
 
Денеска сѐ уште се дебатира околу тоа дали Лука бил авторот на оваа книга која се наоѓа во Новиот Завет. Отците на раната црква споменуваат дека Лука бил лекар, дека делувал во [[Антиохија]] и дека бил голем приврзаник на [[апостол Павле]]. Се смета дека авторот на евангелието по Лука е истиот кој ги напишал и делата на апостолите. Меѓутоа не постои консензус, па според [[Рејмонд Браун]], сегашното мислење околу авторството на Лука е еднакво поделено меѓу истражувачите.
 
Името на насловот Дела на апостолите не бил оригинален. За прв пати ова име било употребено од страна на [[Иринеј Лионски]] во доцниот [[2 век]]. Некои сугерираат дека насловот бил ''Делата на Исус'' или ''Делата на Светиот Дух'', бидејќи во глава 1:1 се започнува со самиот Исус и продолжува околу она што Исус започнал и какво е неговото учење.
Ред 16:
== Опис ==
 
Во Дела на апостолите најмногу се обрнува вниумание на [[Ширење на христијанството|ширењето на христијанството]], излегување на [[Светиот Дух]] во денот на [[Педесетница]] до пристигнувањето на [[апостол Павле]] во [[Рим]] по околу 30 години, и организирањето на првите ранохристијански црковни општини не само во [[Ерусалим]] и [[Палестина]], туку и пошироко во [[Мала Азија]], [[Македонија]] и [[Грција]]. Овој период претставува важен дел од [[Историја на христијанството|историјата на христијанството]] главно поради тоа што истото пристигнало во скоро сите делови на тогашниот познат свет.
 
Главниот збор кој се употребува во книгата е сведок, кој збор е споменет повеќе од триесет пати. Еден од најглавните стихови е:
{{cquote|...ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сè до крајот на земјата...}}
 
Според податоци на црквата, до крајот на т.н. апостолска ера, бројот на христијаните бил околу 500.000 верници.