Дарко Панчев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: и.т.н. → итн. using AWB
Ред 33:
 
[[Податотека:Дарко во Интер.jpg|thumb|десно|250px|Дарко Панчев во дресот на Интер]]
Во [[1988]] година најдобрата понуда за афирмација на неговиот талент му ја понудил најголемиот тим во тогашната СРЈ, [[Црвена звезда]] за која што потпишал договор. Истата 1988 година најпрвин ја извршил граѓанската должност во југословенската армија попозната како [[ЈНА]].
 
По излегувањето од армијата во [[1989]] година по само неколку одиграни натпревари за својот нов клуб покажал дека се работи за напаѓач од највисоката класа. Како изминувало времето, тој во својот нов клуб уште на почетокот му влеал страв и трепет на противничките голмани, со неговота ладно-икрвност и со неговото неверојатно чувство додека се наоѓа пред противничкиот шеснаесетник. За четири години поминати во белградска [[ФК Црвена звезда]] успеал да постигне многу значајни погодоци. За време на неговиот четиригодишен претстој во дресот на Звездашите успеал да ги донесе до три шампионски титули и тоа во 1989/90, 1990/91 и 1991/92. Во финалето на националниот [[куп]] во 1989/90 година успеал да го постигне одлучувачкиот гол за црвено-белите а со тоа и да им ја донесе титулата во националниот куп. Дарко Панчев за четири поминати сезони во Црвена звезда, три години бил најдобар стрелец во Југословенското првенство и тоа во сезоните 1988/89,1899/90 и во сезоната 1990/91, или вкупно четирикратно најдобар стрелец во југословенското првенство вклучувајќи ја сезоната 1983/84 во ФК Вардар.
Во сезоната 1990/91 година го доживувеал врвот на својата кариера, и постигнал рекордни 34 гола во најелитното југословенско првенство и ја добил престижната „[[Златна копачка]]“ за најдобар европски стрелец која веднаш не му била доделена поради распадот на Југославија.
 
Во тој период Дарко Панчев го добил прекарот „Кобра“ како истоимената змија бидејќи претставувал смртоносна опасност за противничкиот гол секогаш кога ќе се најдел во таква ситуација. Во истата сезона во лигата на шампионите Црвено-белите имале одличен потенцијал и стигнале во финалето на [[Лигата на шампионите]] биле предводени во нападот со одличниот Дарко Панчев којшто успеал да постигне неколку важни одлучувачки погодоци до патот кон финалето, како што е одличниот погодок против [[Глазгов Ренџерс]], така и против грчкиот [[Панатенаикос]], кој можеби е најубавиот гол во неговата фудбалска кариера. Токму пред натпреварот против грчкиот [[Панатенаикос]], Дарко не бил пуштен да ја помине грчката граница поради спорот за името, бидејќи тој се пријавил како Македонец, но случајот веднаш бил пријавен во [[УЕФА]] и Дарко настапил и го постигнал неверојатниот погодок. На финалниот натпревар во [[Бари]], [[Италија]] на 29 мај [[1991]] година против францускиот [[Олимпик Марсеј]], Дарко одиграл одличен натпревар иако не постигнал гол. По регуларните 90 минути а и по продолженијата резултатот останал 0:0. По изведувањето на пенали Дарко го реализирал одлучувачкиот пенал и на Звезда успеал да и ја донесе првата европска титула. По натпреварот за Дарко се слушало насекаде низ Европа. Но тоа не било се од него.
 
Голем удел имал и во освојувањето на титулата светски клупски првак кога тој постигнал гол во натпреварот со Јужноамериканскиот тим [[Коло-Коло]] кога Звезда победила со 3:0. Во тие моменти Дарко се наоѓал на крилјата на славата. Во [[1992]] година имал повеќе понуди од многу фудбалски гиганти но тој се одлучил да премине во [[Интер Милано]], со кој потпишал договор во истата година. Во Интер Дарко наводно имал многу несогласувања со тренерот на клубот, па така се почесто останувал на клупата. Одиграл само [[12]] натпревари во сите конкуренции и постигнал еден единствен гол, што било премалку за стрелец од негов калибар. Во јануари [[1992]] година бил позајмен во германскиот клуб ВФП Лајпциг за кој одиграл само десет натпревари и постигнал два гола. По позајмицата повторно се вратил во Интер и одиграл само 7 натпревари и постигнал два гола а по една година поминати низ фрустрации преминал во [[Фортуна Диселдорф]] во 1995/96 за која во 14 натпревари постигнал 2 гола. Својата фудбалска кариера како активен фудбалер ја завршил во швајцарскиот прволигаш Сион во 1997.
Ред 57:
* 1195-1996 [[Фортуна Диселдорф]]
* 1997 [[ФК Сион]]
* 1996 [[Фортуна Диселдорф]]
 
== Постфудбалски период ==
Ред 63:
По завршувањето на фудбалската кариера Дарко Панчев одреден период се повлекува од активности поврзани со фудбалот. Но по некое време се јавува како функционер во [[Македонија Ѓорче Петров]] а подоцна и во неговиот матичен клуб [[ФК Вардар]]. Во Вардар работи како спортски менаџер и се среќава со огромен број на проблеми во клубот и има големи несогласувања во текот на работењето. На тој план не бележи некој поголем успех. Наводно имал понуда да биде на директорската функција во [[Црвена звезда]] но тој ја одбил таа функција.
 
Златната копачка на престижниот француски весник „Л“екип“ наменета за најдобрите стрелци на [[Европа]], конечно стигнала до Дарко. Ја заслужил во [[1991]] година кога во Југословенското првенство постигнал 34 гола. Ја примил на 4 август [[2006]] во [[Скопје]], лично од [[Мишел Платини]].
 
“Оваа сатисфакција е голема.Прекрасно чувство е да се наоѓаш со вакви големини и драго ми е што овој трофеј најпосле се донесе во нашата држава, затоа што никој никогаш не го негирал неговото освојување. Проблемот е само што не ми беше предаден заради икс причини, поради распадот на Југославија, војната и.т.нитн. Но, ете таа неправда се исправи. “На свечениот чин, покрај легендарниот Платини, учествувале високи претставници на „Л’екип“, претседателот на [[ФК Црвена звезда]], [[Драган Стојковиќ]], раководството на фудбалската федерација на Македонија, која бил и иницијатор за Дарко да го добие назад она што му припаѓа.
 
== Надворешни врски ==