Фердинанд II (Арагон): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
'''Фернандо II Арагонски''', познат и како '''Фернандо Католикот''' ([[шпански]]: ''Fernando II de Aragón y V de Castilla "el Católico"'') — крал на [[Кралство Арагон|Арагон]] (1479. – 1516.), [[Сицилија]] (1468. – 1516.), [[Неапол]] (1504. – 1516.), [[Валенсија]], [[Сардинија]] и [[Навара]], Гроф на Барселона, крал на [[Кастиља]] (1474. - 1504., преку бракот со Изабела I), а потоа и регент на Кастиља во име на своjата ментално болна ќерка Јоана од 1508. до својата смрт.
 
Заедно со сопругата, кралицата [[Изабела одI КастиљаКастиљска]], Фердинанд бил успешен владетел кој ги поставил основите на Шпанија како единствена држава и европска и светска сила.
 
== Владеење ==
 
[[Податотека:FerdinandIsabellaSpain.jpg|thumb|left|220px|Свадбен портрет на Фердинанд II Арагонски и Изабела Кастиљска.]]
Преку бракот со [[Изабела I од Кастиља]] создале [[личен сојуз]] помеѓу соседните кралства [[Арагон]] и [[Кастиља]] по што следело обединување на нивните територии и создавање на заедничка држава [[Шпанија]], именувана според античкото римско име ''Хиспанија'', иако заедничката држава формално не била администрирана како единствена, туку како две посебни, сѐ до 18. век.
 
Фернандо и Изабела ги протерале [[Маври]]те од [[Пиринејскиот Полуостров]] и ја освоиле нивната територија и последна [[муслиман]]ска енклава на Европско тло - [[Гранада]] во 1492. Истата година, го испратиле [[Кристофер Колумбо]] во експедиција кон новиот свет. Исто така во 1492. со [[Декретот од Алхамбра]] ги условиле [[Евреи]]те да го прифатат христијанството или да ги напуштат Арагон и Кастиља, што довело до голема иселување на стотици илјади Евреи кон Португалија и цела Европа, вклучувајќи ја [[Македонија]] по покана на султанот. Во 1494 г. со Договорот од Тордесиљас постигнале спогодба со [[Португалија]] за поделба на светот надвор од Европа.