Седма крстоносна војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Кастилјск → Кастиљск using AWB
Ред 29:
[[Податотека:Septième croisade-es.svg|thumb|300px|Карта на Седмата крстоносна војна]]
 
Во тоа време Франција била една од најсилните држави во Европа, бидејќи [[Катарска крстоносна војна|Катарската крстоносна војна]] ја ставила [[Прованса]] под [[Парис|парискапарис]]ка контрола. Во текот на три години, Луј собирал црковна десетина, па во 1248 година, тој и неговата војска од околу 15.000 луѓе меѓу кои 3.000 витези и 5.000 стрелци со самострел отпловиле со 36 бродови од [[Ег-Морт]] и [[Марсеј]].<ref>J. Riley-Smith, The Crusades: A History, 193</ref> Подготовката на Луј за собирање финансии за оваа крстоносна војна била добро органзиирана, иако многумина благородници кои му се придружиле на Луј морале да позајмат пари од кралската каса, а самата крстоносна војна изглела многу скапа.
 
Војската стигнала во [[Кипар]] и зимата ја поминала таму. Во 1249 година пристигнале во [[Дамиета]] на [[Нил]]. Египет, според Луј, обезбедува база од која ќе го нападне [[Ерусалим]], а египетското богатство и снабдување со жито ќе ги одржуваат крстоносците снабдени. На 6 јуни Дамиета била заземена со мал отпор од Египќаните, кои се повлекле до [[Нил]]. Луис успеал да изгради простор за целиот камп за крстоносците со дрво од 24 заробени египетски катапулти. Поплавата на Нил, сепак, не била земена предвид, и наскоро Луј и неговата војска биле опколени со вода во Дамиета шест месеци, каде што витезите седеле и уживале во пленот на војната. Луј го игнорирал договорот склучен за време на [[Петта крстоносна војна|Петтата крстоносна војна]] дека Дамиета треба да се даде на [[Ерусалимско кралство|Кралството Ерусалим]], сега мала заедница во [[Ако (Израел)|Ако]], но тој воспоставил архиепископија таму (под надлежност на латинскиот патријарх Ерусалимски) и го користел градот како база за директни воени операции против муслиманите во Сирија.
 
[[Податотека:C croisade7 prisonnier1.jpg|thumb|Заробениот Луј IX во [[Битка кај Фарискур]] ([[Гистав Доре]])]]
 
Во ноември, Луј тргнал со војската кон [[Каиро]], а во тоа време починал султанот на Египет, [[Ас-Салих Ејуб]]. Силите предводени од [[Роберт I од Артоа]], заедно со темпларите и англиските војници предводени од [[Вилијам II Лонгеспе]], го нападнале египетскиот камп кај Гидеила, и тргнале кон [[Мансура]] каде биле поразени во [[Битка кај Мансура|Битката кај Мансура]]. Роберт и Вилијам биле убиени, и само мал број војници преживеале. Во исто време, силите на Луј биле нападнати од [[Бајбарс]], командантот на војската и иден султан. Луј бил поразен, но не се повлекол кон Дамиета, туку направил опсада на Мансура, што завршило со глад и смрт за крстоносците.
 
Во март 1250 година, Луј конечно се обидел да се врати во Дамиета, но бил заробен во [[Битка кај Фарискур|Битката кај Фарискур]], каде што неговата армија била уништена. Луј се разболел од дизентерија, и бил лечен од арапски лекар. Во мај бил откупен за 800.000 безанти, од кои половина требало да се платат пред кралот да го напушти Египет. Договорот за откуп подразбирал дека Дамиета треба да биде напуштена од крстоносците. По ова, тој го напуштил Египет, и заминал за [[Ако (Израел)|Ако]], една од малкуте места што ги држеле крстоносците во Сирија.<ref>Watterson, Barbara. ''The Egyptians''. Blackwell Publishing, 1998. [https://books.google.com/books?id=bm1YdwLQ3pYC&pg=PA261&dq=Turanshah,+as-Salih%27s+successor&sig=kG5kNS7NSPqUS4bqYeEuyIk9E1M ''page 261'']</ref><ref>Al-Maqrizi</ref>
 
==Последици==
Луј направил сојуз со Мамелуците, кои во тоа време биле непријатели на султанот од Дамаск, и од новата база во Ако, се обидел да обнови други градови, посебно [[Јафа]] и [[Сидон]].<ref>''Joinville and Villehardouin: Chronicles of the Crusades'', translated by M.R.B. Shaw, pages 295-316, Penguin Classics: New York, 1963</ref> Иако таму [[Кралство Кипар|Кралството Кипар]] полагало право, сепак владеел Луј. Во 1254 година, Луј ги потрошил парите, и морал да се врати во Франција, бидејќи починала мајка му која била регент во негово отсуство, [[Бланка КастилјскаКастиљска]]. Пред да замине, Луј оставил француски гарнизон во Ако, на трошок на француската круна. Гарнизонот останал таму до [[Опсада на Ако (1291)|падот на Ако]] во 1291 година.<ref>Keen, p. 94</ref> Оваа крстоносна војна била неуспешна, но Луј многумина го сметале за светец, па ваквата негова слава му обезбедила поголем авторитет во Европа од [[Цар на Светото Римско Царство|царот на Светото Римско Царство]]. Во 1270 година, тој се обидел со [[Осма крстоносна војна|друга крстоносна војна]], која исто така завршила неуспешно.
 
Настаните од Седмата крстоносна војна биле запишани од [[Жан де Жуанвил]], кој учествувал во крстоносната војна, од [[Матеј Париски]] и од многумина муслимански историчари.