Слободен пазар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎top: Правилна предлошка, replaced: Никулец од областа на економијата → економија-никулец using AWB
Ред 1:
'''Слободниот пазар''' е пазар каде што целата размена се врши без [[принуда]]; и сета трговија е доброволна. Терминот "слободен пазар" може да се употреби при размената на единствен пар на стоки (како на пример, пари кои слободно се разменуваат за банани по заеднички утврден сооднос), или пак може да се употреби за да се однесува на цела [[економски систем|економија]].
 
Бидејќи ниедна постоечка национална економија не го применува целосно идеалот на слободен пазар теоретизиран од [[економист]]ите и [[етичар]]ите, терминот ''слободна пазарна еконимија'' се употребува за економијата на [[држава]]та што се приближува до идеалот со тоа што има влада што применува мала или пак никаква интервенционистичка економска регулација. Ако таквата влада интервенира во приватните работи, таа само го прави тоа за да ја спречи принудата што може да се случи меѓу пазарните учесници. Бидејќи ваквата заштита мора да биде финансирана, таквата влада оданочува само во таа мера потребна за да ја изврши оваа функција. Оваа состојба е исто така позната како ''[[laissez-faire]]''. Во [[Економија|економијатаекономија]]та и [[Политичка економија|политичката економија]], ова е дијаметрално спротивно од [[Командувана економија|командуваната економија]] каде што сите добра и услуги се произведуваат, дистрибуираат, и ги формираат своите цени под државна контрола.
 
Дали пазарното место ''треба да биде'' или ''е'' слободно е исто предмет на спор; многу тврдат дека државната интервенција е неопходна за да се спречи [[Пазарен неуспех|пазарниот неуспех]] што се смета дека е неизбежен резултат од апсолутното следење на принципите на слободниот пазар.
 
Меѓународно, слободните пазари се застапувани од приврзаниците на [[Економски либерализам|економскиот либерализам]]; во Европа ова најчесто едноставно се нарекува ''либерализам''. Во [[САД]], поддршката за економските структури на економскиот пазар е клучно начело на американскиот [[конзервативизам]] и [[либертаријанство]]. Од 70тите, промовирањето на глобалната економија на слободен пазар, [[Дерегулација|дерегулацијатадерегулација]]та и [[Приватизација|приватизацијатаприватизација]]та, често се нарекува [[неолиберализам]].
Терминот ''слободна пазарна економија'', често пати се употребува да се опишат некои економии кои постојат денес (како [[Хонгконг]]), но про-пазарните групи би го прифатиле тој опис само ако владата применува ''laissez-faire'' политики, наместо државна интервенција во економијата. Економијата што содржи значаен економски интервенционизам од владата, додека сѐ уште задржува некои карактеристики што можат да се најдат на слободниот пазар, често се нарекува ''[[мешана економија]]''. Од појавата на посебниот економски систем во [[Советски Сојуз|Советскиот Сојуз]], слободниот пазар најчесто се става како спротиставен на командуваната економија и [[планска економија|централно-планираната економија]]. Но, раните приврзаници на пазарната економија во Европа од [[18 век]] ја споредувале со [[среден век|средновековната]], [[нов век|ранонововековната]] и [[меркантилизам|меркантилистичката]] економија што и претходеле.
Ред 11:
За [[Општествена филозофија|општествената филозофија]], слободниот пазар е систем за [[алокација|алоцирање]] на добра во рамките на општеството: [[Понуда и побарувачка|понудата и побарувачката]] во рамките на пазарот определуваат кој добива што, и што се произведува.
 
Слободниот пазар, сам по себа, не бара постење на конкуренција, но бара конкуренцијата да не биде спречена со принуда. Оттаму, при недостиг на принудни бариери генерално се подразбира дека конкуренцијата цути во слободната пазарна средина. Таа често се поврзува со присуството на [[профит|профитен мотив]], иако ниту профитниот мотив, ниту профитот, сами по себе не се неопходни за слободен пазар. Сите модерни слободни пазари се подразбира дека вклучуваат [[Претприемач|претприемачипретприемач]]и, поединци и [[Бизнис|бизнисибизнис]]и. Обично, модерната слободна пазарна економија би вклучувала и други карактеристики, како што е [[берза]] и сектор за [[финансиски услуги]], но тие не го дефинираат.
{{економија-никулец}}
{{Никулец од областа на економијата}}
 
[[Категорија:Слободен пазар| ]]