Хромозом: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 79.141.120.120) и ја поврати преработката 3364720 на KasparBot
с Правилна предлошка, replaced: Никулец од областа на биологијата → биологија-никулец using AWB
Ред 3:
{{генетика-странично}}
 
'''Хромозомите''' (од [[Грчки јазик|грчки]] ''chroma'' - боја) се основни носители на наследните својства кај живите [[Организам|организми]]. Нив ги има во 2 форми - спирализирана и деспирализирана, во зависност од тоа во кој степен од [[Делба на клетките|клеточната делба]] се набљудуваат. Кај [[Бактерија|бактериите]] и [[Археа|археите]], хромозомите се состојат од едноставни кружни [[ДНК]] молекули кои се движат слободно во организмот (т.е. клетката), додека кај сите други форми на живот ([[еукариот]]и), хромозомите се наоѓаат во [[Клеточно јадро|клеточното јадро]]. Исто така, кај еукариотите, формата на овие структури е линеарна, а не кружна.
 
Составни елементи на хромозомите се: [[Хроматида|хроматидите]], [[Хромонема|хромонемите]], [[хромомер]]ите, [[центромер]]от (примарно стеснување), [[сателит (хромозом)|сателит]]от (секундарно стеснување), [[теломер]]ите и [[матрица (хромозом)|матрицата]]. Кај телесните [[Човек|човечки]] [[Клетка|клетки]] има 46 ([[диплоид]]ен број) хромозоми, додека кај половите има 23 ([[хаплоид]]ен број).
 
Вкупниот збир на хромозомите во една клетка, кој е карактеристичен за даден организам, се нарекува [[кариотип]]. Во телесните клетки на речиси сите [[растенија]], [[животни]], [[габи]] и останати организми постојат хромозомски парови - еден хромозом од мајката и еден од таткото. Ваквите хромозоми се нарекуваат [[Хомологни хромозоми|хомологни]], додека збирот од хомологните хромозоми го дава [[диплоид]]ниот хромозомски број. Во кариотиповите на разделнополовите организми има еден или неколку парови на [[полови хромозоми]], кои кај одделните полови се разликуваат по морфологијата. Останатите, неполови хромозоми, се нарекуваат [[автозом]]и. Кај [[цицачи]]те, во половите хромозоми, се локализирани гени кои го определуваат полот на организмот, додека кај [[Винска мушичка|винската мушичка]] (''Drosophila melanogaster''), полот го определува соодносот помеѓу половите хромозоми и автозомите ([[балансна теорија за определување на полот]]).
 
== Истражување на хромозомите ==
Ред 27:
* [[2001]]: Секвенционирање на [[Човечки геном|човечкиот геном]].
 
Најпрво хромозомите (од страна на [[Германија|германскиот]] научник [[В. Валдејер]]) биле опишани како телца кои интензивно се боеле со базични бои. Се покажало и дека хромозомите ја менуваат својата форма во текот на клеточната делба. Основата на хромозомите во секоја фаза од клеточната делба ја чинат хромонемите - нишковидни структури кои се најспирализирани на крајот од делбата, додека во клетките кои не се делат тие се деспирализирани. Во периодот меѓу две клеточни делби (односно период на [[интерфаза]]), деспирализацијата продолжува, со што хромозомите се речиси невидливи под [[светлосен микроскоп]]. Морфологијата на хромозомите кај еукариотите е суштествено различна од прокариотите и вирусите. Последните содржат најчесто еден линеарен или кружен хромозом. Хромозомитте се изградени од една сложена белковинеста материја, составена од дезоксирибонуклеинска киселина-ДНК,во која се сместени наследните особини. Хлоандскиот научник Јохансен ги нарекол гени.
 
== Поврзано ==
* [[Генетика]]
 
{{биологија-никулец}}
{{Никулец од областа на биологијата}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Клетка]]
[[Категорија:Генетика]]