Вавилонска астрономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситно
с →‎top: Правилна предлошка, replaced: Никулец од областа на астрономијата → Астрономија-никулец using AWB
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''[[Вавилон]]ската астрономија''' бележи поголеми достигнувања. Вавилонската цивилизација растела од [[17 век п.н.е.|17]] до [[6 век п.н.е.]] За да го усовршат [[Вавилонски календар|нивниот календар]], тие ги проучувале движењата на [[Сонце]]то и [[Месечина]]та. Тие го назначиле денот после новата месечина за почеток на секој [[месец]].
 
Околу 400 година п.н.е., период кога Вавилон е дел од [[Персија]], вавилонските астрономи забележале дека привидните движења на Сонцето и Месечината од запад кон исток околу [[Зодијак]]от немаат постојана брзина. Овие тела наизглед се движат со брзина која расте сè до половината на нивната ротација до одреден максимум по што нивната брзина опаѓа на својот минимум. Вавилонците се обиделе да го претстават овој циклус [[аритметика|аритметички]] со тоа што на Месечината ѝ дале фиксна [[брзина]] на движење за време на едната половина од нејзиниот циклус, а различна фиксна брзина за другата половина од циклусот. Подоцна тие го усовршиле [[Математика|математичкиот метод]] со тоа што ја претставиле брзината на Месечината како фактор кој линеарно расте од минимум до максимум за време на првата половина од револуцијата, за потоа да опадне на минимумот до крајот на циклусот. Со овие пресметки на месечевите и сончевите движења Вавилонските набљудувачи на ѕвезди можеле да го предвидат времето на новата месечина и воедно првиот ден од месецот. На сличен начин биле пресметани и планетарните позиции претставени заедно со нивните ретроградни и вообичаени движења кон [[исток]]. Веројатно е дека од оваа цивилизација потекнуваат астрономите кои го измислиле системот на пресметки.
{{Астрономија-никулец}}
{{Никулец од областа на астрономијата}}
 
[[Категорија:Вавилон]]