Илијада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 89.205.24.217 (разговор), вратено на последната верзија на CommonsDelinker
Ознака: Отповикување
с Јазична исправка, replaced: == Надворешни линкови == → == Надворешни врски == using AWB
Ред 3:
== Кратка содржина ==
[[Податотека:Beginning Iliad.svg|thumb|right|220px|Првите стихови од ''Илијада'']]
Во десетата година на [[Тројанската војна]] избувнала караница меѓу [[Ахил]] и [[Агамемнон]], кога аполоновиот [[свештеник]] Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот ја заробил Агамемнон по освојувањето на градот [[Теба]] од страна на Ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот [[Аполон]] налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска. За да го умилостиви [[Аполон]], Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и не сакал да се бори против [[Троја]]нците. Разжалостен седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата [[Тетида]] да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила [[Зевс]] да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
 
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле [[Менелај]] и [[Парис]] каде што победил Менелај, но божицата [[Афродита]] го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле [[Ајант]] и [[Хектор]]. Хектор бил ранет, но богот [[Аполон]] бргу го излечил.
 
Боговите на [[Oлимп]] се поделиле на два табора. Тетида и Зевс останале заштитници на Тројанците, а [[Хера]] и [[Атина (божица)|Атина]] - заштитници на Ахајците (Грците). Додека налутениот Ахил не се борел, многу јунаци од двете страни успеале да ја покажат својата храброст и борбени вештини: [[Агамемнон]], [[Менелај]], [[Диомед]], [[Одисеј]], [[Идоменај]] и други. Меѓу Тројанците како најсилен се покажал „вртишлем“ [[Хектор]], [[Ајнеј]], ликискиот цар [[Сарпедон]] и многу други. Кога бројот на убиените станал многу голем, двете страни склучиле примирје за да ги спалат загинатите. По примирјето борбата продолжила со уште поголема жестокост и според волјата на Зевс победиле Тројанците. Поразените Ахајци побегнале на своите кораби, гонети од Хектор, кој ликувал поради успехот. Ноќта го прекинал гонењето, а Тројанците радосни, цела ноќ палеле огнови и им принесувале жртви на боговите.
 
Во грчкиот логор Агамемнон не можел да се смири поради поразот, па затоа се согласил да ги испратат најдобрите грчки јунаци војник, [[Ајант]] и [[Одисеј]] кај [[Ахил]] и да го замолат да престане со гневот за да се врати на бојното поле. Ахил не се согласил и ги одбил даровите што му ги испратил Агамемнон и им рекол дека има намера да се врати назад во родната земја. Откако во борбите биле ранети Диомед, Одисеј и Еврипил, мудриот јунак Нестор го наговорил [[Патрокле]], најдобриот пријател и побратим на Ахил, да појде кај својот пријател и да го замоли да престане да се лути, а ако не успее, да се облече како Ахил и да прифати двобој. Патрокле се согласил, а штом го виделе Тројанците, мислејќи дека е Ахил, се исплашиле и се повлекле од бојното поле. Патрокле успеал да ги потисне Тројанците и го убил Сарпедон. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокле, мислејќи дека е Ахил. По смртта на Патрокле се сменила воената среќа на Ахајците и Тројанците.
 
Кога Ахил дознал за смртта на својот најдобар пријател, решил да се одмазди за неговата смрт и тогаш се помирил со Агамемнон. Почнале нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со [[Ехеј]], кого од сигурна смрт го спасил богот [[Посејдон]]. Ахајците биле надмоќни и Пријам наредил Тројанците од бојното поле пред ѕидиштата на Троја да се повлечат во градот. Војската се повлекла, единствено храбриот [[Хектор]] останал, а кон него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и почнал да бега, зашто не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони и успеал да го убие. Му ја соблекол облеката, го врзал за својата кола за нозете, а главата му ја оставил да се влече по земја. Откако неколку пати обиколил околу Троја за да видат Тројанците дека нивниот најголем јунак е мртов, Ахил телото го довлечкал до ахајските кораби.
 
Цела Троја ја обзел ужас од смртта на Хектор. Мајка му тажела гласно и си ги кубела белите коси. Плачот бил толку голем како Троја да се урива во пожар. Во тоа време Ахил наредил да му се подготви свечен закоп на Патрокле. Несреќниот Пријам, таткото на Хектор, со богати дарови дошол во грчкиот логор со цел да го откупи мртвото тело на синот. Потресен од плачењето и молбите на [[Пријам]], Ахил му го дал телото на убиениот Хектор, кого Тројанците го пречекале со плачење. Епопејата завршува со свечениот закоп на Хектор, кого го спалуваат на клада.
 
== Јунаците во Тројанската војна ==
Ликовите на Хомер се типични и индивидуални во исто време. Тие се дрски херои кои ги уриваат забраните и законите, заслепени од заблуда или гнев. Противтежа на гневниот и суров Ахил е Хектор, претставен како морален и благороден јунак. Наспроти верната сопруга и нежна мајка Андромаха, е ликот на лекомислената жена Елена, која станала причина за толку несреќи. Двајцата браќа принцови на Троја се исто така поларитетни ликови: Хектор е морален и храбар, а Парис е егоист и кукавица. Хомер не ги анализира душевните состојби на своите јунаци. Откако физички ќе ги опише, натаму остава самите да зборуваат за себе преку дијалозите.
 
=== Ахил ===
Ред 34:
=== Хектор ===
[[Податотека:Peter Paul Rubens - Achilles slays Hector.jpg|thumb|right|250px|''Ахил го убива Хектор'', од [[Петер Паул Рубенс]] (1630–35).]]
[[Хектор]] е најславниот тројански јунак и војсководец. Ахајците го сметале за непобедлив и кога паднал погоден од копјето на Ахил, грчките војници дошле да проверат дали е обичен човек:
 
''„Другите синови пак Ахајците околу него
Ред 75:
ако не ми дадат тие, јас самиот можам да дојдам<br />
твојот дар или од Ајнт иљ од Одисеј да го земам<br />
и да го носам, а тој ќе се љути кај кого ќе дојдам...“
 
=== Одисеј ===
Ред 106:
 
== Аристократијата ==
На страниците на “Илијада“ се прикажани голем број личности. Повеќето од нив се цареви, војсководци, богови, свештеници и ретко некој човек од народот, како војникот Терсит. Хомеровите цареви (василевси) не се од типот на европските монарси, тие се избрани водачи на племињата. Општеството за кое раскажува [[Хомер]] сè уште не е класно општество. Тоа е време кога се распаѓа родовското општествено уредување и се создаваат робовладетелски односи. Хомеровите цареви се првите никулци на робовладетелската аристократија. Тие се големци, горди луѓе, свесни за својата моќ, бидејќи се израснати во битки за освојување туѓи територии. Ропството на воените заробеници веќе била прифатена појава. Тие се самоуверени и не признаваат друг суд, освен судот на својот меч.
 
[[Агамемнон]], заповедникот на грчката флота, е горделив. Тој со презир го истерува свештеникот Хрис, кога тој дошол да го моли да му ја врати ќерката Хрисеида, која му припаднала како дел од пленот кога Ахајците го зазеле градот Теба. Моќта ги прави многу надмени. Агамемнон не трпи приговори ни од [[Ахил]], најголемиот грчки јунак. Кога Ахил го убедува да ја врати Хрисеида, за да престане поморот во грчката војска, тој се согласил, но во замена му ја одзел робинката Брисеида, сакајќи на тој начин да ја покаже својата надмоќ. Робовладетелската аристократија е многу лакома за богатство. Ограбувањето било основна побуда при водењето на војните. Тоа и ги довело под ѕидините на Илион (Троја). Тие не се откажуваат лесно од пленот. Агамемнон кога е принуден да ја врати Хрисеида го заплашува Ахила:
Ред 118:
и да го носам, а тој ќе се лути кај кого ќе дојдам.“''
 
Во битките сите тие се храбри, тоа им е главната одлика. Освен јунаштвото и физичката [[сила]], што ги почитувале над сè, умееле да ја почитуваат и мудроста на [[филозоф]]от, инспирацијата на поетот и ораторството на ораторот. Богатиот [[живот]] и слободното време им овозмножиле да се здобијат со естетски вкус и имале чувство за убавина и хармонија, кои доаѓале до израз во изгледот на [[облека]]та и [[оружје]]то што го носеле. Дури и штитот на Ахил, наменет пред сè за војување, бил украсен и претставувал уметничко ремек-дело. Ја почитувале [[поезија]]та, поетот бил неопходен украс на секоја [[гозба]] и го сметале за избраник на боговите. Претставниците на грчката аристократија [[Агамемнон]], [[Менелај]], [[Ахил]], [[Диомед]], браќата Ајанти, [[Одисеј]] и други, биле со големи лични квалитети.
 
== Боговите ==
Ред 178:
нито до храмот Атенин си отиде, кај што и други
туку до велјата кула на Илион појде, штом дочу
дека Тројанците гинат од силната Ахајска војска.“''
 
Втората одлика на стилот во „Илијада“ се честите архаизми, со кои се добива свечен тон. Композицијата на „Илијада“ е сосем едноставна, раскажувањето е спокојно и мирно, а на некои места со [[драматичност]]. „Илијада“ содржински е целосно завршено дело. Целото дејствие се движи околу гневот на [[Ахил]] и се развива во причинско-последична врска.
 
Во „Илијада“ за првпат се споменуваат географските поими кои и денес постојат. Се споменуваат [[Пајонци]], [[Пелагонци]]те и реката [[Вардар]] (Аксиј). Хомер ја опишува реката Вардар како „длабоковирна река, што со своите води ја натопува земјата“, а Пајонците се „добри коњаници“ што се борат со „долги копја“. Тие се борат на страната на [[Троја]].
Ред 189:
{{наводи}}
 
== Надворешни линковиврски ==
 
* [http://www.kuckamen.com/2011/06/23/%D1%81%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BD-%D0%B2%D0%B5%D1%98-%E2%80%9E%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B0%E2%80%9C-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BF%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B0/ Симон Веј: „Илијада“ или песна за силата] - толкување на „Илијада“
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Илијада| ]]
[[Категорија:Старогрчки епски песни]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада