Цистерна Базилика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Исправка на поднаслов, replaced: == Видете исто == → == Поврзано == using AWB
Ред 66:
== Историја ==
 
Името на оваа подземна структура потекнува од базиликата која се наоѓала на Првиот рид од Константинопол, која првично била изградена. Пред да биде претворена и изградена во цистерна, на тоа место постоела базилика која била изградена во 3 век или 4 век, во времето на најраната историја на новиот Рим. По пожарот од 476 година, базиликата била реконструирана.
 
Една од главните функции на оваа цистерна била снабдувње на градот со вода доколку истиот се најде под некаква [[опсада на Константинопол|опсада]]. Таа првично била изградена во времето на [[Константин Велики]], за да истата биде проширена од страна на [[Јустинијан I]] по [[Бунт Ника|немирите во Ника]] во [[532]] година. Цистерната директно водела кон [[Големата палата во Константинопол|големата императорска палата]]. Историски текстови тврдат дека 7.000 робови биле вклучени во изградбата на цистерна<ref name="yerebatan.com">http://www.yerebatan.com/english/index.html</ref>.
 
Цистерната е долга 138 метри, широка 65 метри<ref>http://www.ibb.gov.tr/sites/ks/en-US/1-Places-To-Go/museum/Pages/basilica-cistern.aspx</ref> и зазема површина од 9.800 m² со способност да држи 80.000 кубни метри вода. Таванот виси над 336 мермерни столбови, од кои секој е висок по 9 метри и се наредени во 12 редови со реатојание од 5 метри меѓу нив. Главниот архитектонски стил на столбовите е јонскиот и коринтскиот, со исклучок на некои кои наликуваат на дорски стил. Една колона наликува на триумфалната порта на Теодосиј (''види: [[Форум на Теодосиј]]'') од 4 век. Античките текстови укажуваат дека солзите кои течат од столбот оддаваат почит на робовите кои починале за време на изградбата на базиликата цистерна. Поголемиот дел од столбовите се смета дека биле рециклирани од урнатините на стари градби од различни делови од империјата, заедно со оние кои биле користени за изградба на катедралата Света Софија. Овие столбови биле изработени од различни видови на мермер и гранит<ref>http://www. name="yerebatan.com"/english/index.html</ref>.
 
Цистерната е опкружена со ѕид кој е дебел 4 метри и обложена со водоотпорен малтер. Водата во цистерната доаѓа од Белградската шума, која се наоѓа на 19 километри северно од градот. Таа минувала низ [[Аквадукт Валенс|аквадуктот Валенс]] и Могловскио аквадукт кои биле изградени во времето на Јустинијан I<ref>http://www. name="yerebatan.com"/english/index.html</ref>.
 
Во времето кога [[Османлии|Османлиите]]те го освоиле градот, таа продолжила со својата намена, пренасочувајќи го својот тек кон [[Топкапи сарај]]. Базиликата во текот на својата историја доживеала неколку реставрации. Првите поправки започнале во 1723 година, во времето на султанот Ахмед III , а втората во времето на султанот Абдул Хамид II (1876-1909). Пукнатините од ѕидовите и оштетените столбови биле поправени во 1968 година, а реставрација објектот доживееал и во 1985 година кога биле извадени 50.000 тони кал од цистерната.
 
Од 9 септември 1987 година, објектот е отворен за посетителите.
Ред 91:
Image:Head of Medusa, Basilica Cistern, Constantinople 02.jpg|Уште еден столб со основа со Медуза
Image:Basilica Cistern Constantinople 2007.jpg|Столбови со мотиви од шари на паун
Image:Carp at the Basilica Cistern, Istanbul 2007.JPG|Крапови живеат во цистерната
 
</gallery>
 
== Видете истоПоврзано ==
* [[Филоксенова цистерна]]
* [[Теодосиската цистерна]]
 
== Наводи ==