Рум-милет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Втората Светска Војна → Втората светска војна using AWB
с →‎top: clean up, replaced: lingua → language using AWB
Ред 5:
Етнонимите (националностите) ретко се користеле за целите на администрацијата во Отоманското Царство. Православниот милет ([[Румелија|румелијски]], односно ромејски милет) бил под управата на грчката [[Цариградска патријаршија]]. Како дел од верската заедница на грчкиот милет, [[Македонци]]те, [[Бугари]]те, [[Срби]]те, [[Власи]]те, дел од [[Албанци]]те и другите православни народи биле скриени малцинства во рамките на овој милет до нивното признавање како посебни милети. Без сомнение тие имале свест дека припаѓаат кон некоја етничка заедница, но таа не создавала толку силни чувства на приврзаност и лојалност. Под отоманската власт етнонимите никогаш не исчезнале целосно, што покажува дека некоја форма на етничка идентификација била зачувана. Тоа се гледа од султанскиот [[ферман]] од 1680 година, во кој се наведени народностите во некои балканските земји на империјата, како: Грци (''Рум''), Албанци (''Арнаут''), Срби (''Срф''), Власи (''Ефлјак'') и Бугари (''Булгар'').<ref>[http://books.google.bg/books?id=hnzDyhp70HUC&pg=PA23&lpg=PA23&dq=%D0%A2%D0%BE%D0%B2%D0%B0+%D1%81%D0%B0+%D0%B3%D1%8A%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D1%80%D1%83%D0%BC),+%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82),+%D1%81%D1%8A%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D1%81%D1%8A%D1%80%D1%84),++%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%B5%D1%84%D0%BB%D1%8F%D0%BA&source=bl&ots=Z3zyVPegRQ&sig=bBSXbBQPRK93bixBgZmzK50cKoY&hl=bg&sa=X&ei=6f4LUeTpJY35sgbW-IDgCw&ved=0CEcQ6AEwBA#v=onepage&q=%D0%A2%D0%BE%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%B0%20%D0%B3%D1%8A%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D1%80%D1%83%D0%BC)%2C%20%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82)%2C%20%D1%81%D1%8A%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D1%81%D1%8A%D1%80%D1%84)%2C%20%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B5%D1%84%D0%BB%D1%8F%D0%BA&f=false История на българите. Късно средновековие и Възраждане, том 2, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 23. (Bg.)]</ref> Сепак, тогаш обичните луѓе гледале на себе си повеќе како христијани, а татковината им се протегала до границите на земјата на родната им населба.<ref>[http://books.google.bg/books?id=htMUx8qlWCMC&pg=PA47&dq=millet++bulgarian+identity+detrez&hl=bg#v=onepage&q=Smith%2C%20A.%20The%20Ethnic%20Origins%20of%20Nations.%20&f=false Europe and the Historical Legacies in the Balkans, Raymond Detrez, Barbara Segaert, Peter Lang, 2008, ISBN 9052013748, p. 36.]</ref>
 
Според некои автори, рум милетот постоел како еден историски ([[Православие|православен]]) етнос.<ref>Roudometof, Victor; Robertson, Roland (2001). Nationalism, globalization, and orthodoxy: the social origins of ethnic conflict in the Balkans. Greenwood Publishing Group. pp. 68-71. ISBN 0313319499.</ref> Во таа смисла ''ромејската заедница'' може да се разбере како „''пранација''“. Многу карактеристики на ромејската заедница потсетуваат на нацијата. Нејзините членови имале заедничко име - „''ромеи''“ се користело од сите етнички групи. Таа имала и своја религија, Православието, како основен елемент на нејзинот идентитет. Таа имала своја територија - дел од Отоманското Царство. Таа користела и општ писмен јазик, [[грчки]]от, кој како литургиски јазик и како ''lingualanguage franca'' до одреден степен престанал да биде јазик само на одредена етничка заедница. Ромејската заедница се состоела и од различни социјални класи - буржоазијата, занаетчиите и селаните. Во составот на буржоазијата влегуваал и ромејскиот административен апарат - патријаршискиот клир. Свештенството било „ромејско“, од различни етнички заедници, а не исклучиво грчко. Ромејската заедница имала и свој христијански културен идентитет. Ромејската црковна литература, напишан главно на грчки, припаѓала на целата заедница, без оглед на етничката припадност на авторот или читателот.
 
По [[Француска револуција|Големата француска револуција]] (1789 - 1799 година) во ХІХ век започнал пораст на национализмот во Европа, вклучително и во Отоманското Царство. Сепак барем до 40-те години на ХІХ век се ширило т.н. „погрчување“ на интелигенцијата (подоцна и бугаризирање и србизирање во Македонија), кое во голема мера се совпаѓало со поевропејувањето на населението. Дотогаш гркофоните ромеи или [[гркомани]] ја ширеле европската цивилизација, но не наметнувале грчки етнички идентитет. Меѓутоа, во почетокот на 19 век со продорот на западните идеи за нацијата во отоманското општество, постепено започнала да се менува содржината на милет-системот. Цариградската Патријашија, која дотогаш била обединувачката институција на православниот милет, започнала да се трансформира во политичка институција и да се идентификува со грчкиот народ, преземајќи ја улогата на грчка национална црква. Тоа ги поттикнало и другите народи на Балканот што му припаѓале на Рум-милетот да започнат борба за национално осамостојување. Еден од многуте внатрешни и надворешни политички и културни фактори несомнено била реакцијата на балканските етнички заедници против наметнувањето на [[Голема Идеја|Мегали идеја]]та. Од 40-те години во целиот полуостров почнала трескавична активност на т.н. „етнички активисти“, чија цел била уништување на старата ромејска заедница и трансформацијата на јазичните заедници во посебни нации со свои држави и цркви.