Србизација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Македонска Православна Црква → Македонска православна црква using AWB
с →‎top: Правописна исправка, replaced: и тн. → итн. (3) using AWB
Ред 4:
Србизацијата се спроведувала преку [[Српска Православна Црква|српската црква]], како и државните институции. Во [[1920]] година, владата во [[Белград]] донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и [[Косово]]. На територијата на Вардарска Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, а останатата е доделена на српските колонисти - жандарми, резервни офицери, четници и др. Поранешни војводи на [[Српски Четнички Покрет|Српскиот Четнички Покрет]] во Македонија добиваат како подарок цели села во [[Тиквеш]]ко и [[Велес|Велешко]]. Покрај колонизацијата, врз македонското население се вриши и физички терор, спроведуван од колонизираните неколку илјади српски жандарми. Поради револуционерната настроеност на македонското население, во тој период, теророт бил особено суров. Според официјални податоци, од [[1920]] до [[1926]] година, од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1.700 [[Македонци]] и [[Албанци]]. Во тој период низ затворите минуваат над 30.000 Македонци, а по [[1927]] година, во затвор остануваат над 8.000 од нив.
 
Последици од србизацијата во одреден степен, денес, има и во културата, лингвистиката. Во стандардниот [[македонски јазик]]: многу автентични македонски зборови се заменети со српски (''користи, постои, извештај, намештај, дечко'' и тнитн.), многу научни термини и именски завршетоци добиваат српски призвук, се употребува српска форма за имиња на држави (''Словачка, Чешка, Данска'', наспроти ''Турција, Грција'', а не ''Турска, Грчка'' и тнитн.). Во говорниот јазик бројот на србизмите е уште поголем (''увек, никад, ваљда, болје, купаќи, купатило, така да, више, стално, поштува, чаробен, халјина, сукња, младич, млекара, пивара, книжара, школо, школска'' и др.) и има тенденција тие да станат дел од стандардниот јазик.{{факт}}
 
Великосрпскиот национализам се спроведува и денес. [[Српска Православна Црква|Српската Православна Црква]] не ја признава автокефалноста на [[Македонска православна црква|Македонската Православна Црква]], а на тлото на [[Република Македонија]] создава паралелна српска црква, наречена [[Православна Охридска Архиепископија]] и тнитн.
 
[[Категорија:Македонија под српска власт]]