Разлика помеѓу преработките на „Синоним (таксономија)“

с
Правописна исправка, replaced: и тн. → итн. using AWB
с
с (Правописна исправка, replaced: и тн. → итн. using AWB)

[[Податотека:Vampyroteuthis infernalis.jpg|мини|275п|[[Вампирска лигња|Вампирската лигња]] (''Vampyroteuthis infernalis'' Chun, 1903) има поголем број на синоними:
• ''Cirroteuthis macrope'' Berry, 1911
• ''Vampyroteuthis macrope'' Berry, 1911
• ''Melanoteuthis lucens'' Joubin, 1912
• ''Watasella nigra'' Sasaki, 1920
• ''Danateuthis schmidti'' Joubin, 1929
• ''Hansenoteuthis lucens'' Joubin, 1929
• ''Melanoteuthis schmidt'' Joubin, 1929
• ''Melanoteuthis beebei'' Robson, 1929
• ''Retroteuthis pacifica'' Joubin, 1929
• ''Melanoteuthis anderseni'' Joubin, 1931.]]

'''Синоним''' — научен назив што се однесува на [[таксон]] во [[научна номенклатура|научната номенклатура]] кој денес има поинакво име,<ref name=ICBNsyn>[[#ICBN|''ICBN'']], „synonym“ во Прилог VII: „Поимник“ </ref> иако во зоологијата има малку поинаква улога.<ref>[[#ICZN|''ICZN'']], „synonym“ во „Поимник“</ref> На пример, [[Карл Линеј|Линеј]] ѝ го дал првото научно име на [[обична смрча|обичната смрча]], кое гласело ''Pinus abies''. Денес тој назив не е во употреба и претставува синоним за тековното име ''Picea abies''.

Синонимите во научна смисла важат само за научните називи, а не и за народните. На пример, „[[поскок]]“ и „[[камењарка]]“ обете се однесуваат на ''Vipera ammodytes'' и не претставуваат научни синоними, туку едноставно разни [[народно име|народни]] (тривијални) имиња за едно исто животно.
Во [[зоологија|зоолошката]] номенклатура, која се води според Меѓународниот правилник за зоолошка номенклатура <ref>[[англ.]] ''[[:en:International Code of Zoological Nomenclature|International Code of Zoological Nomenclature]]''</ref>, синонимите се различни научни називи од ист ранг што се однесуваат ан истиот таксон (на пр. две имиња за еден ист вид). Најстарото име се нарекува '''постар синоним''', а подоцнежното е '''помлад синоним'''. Најстариот исправно објавен назив има предност кога нема други ограничувања. Синонимот игра важна улога бидејќи се случува стариот назив да не може да се користи (да речеме, тие зборови се претходно дадени на друг таксон), па затоа се користи следниот достапен помлад синоним.

Еден помлад синоним може да има предност над постариот<ref>''ICZN'', Член 23.9</ref> доколку постариот престанал да се употребува пред [[1899]] г., а новиот е во честа употреба денес.

'''Објективни синоними''' се таксони од ист тип и ранг (помалку или повеќе). Ова може да бидат таксони од видова група од ист ранг со ист [[типски вид]], од родова група со ист типски вид или пак кога самите нивни типски видови се објективни синоними, на таксони од фамилијарна група со ист типски род и тнитн.<ref>''ICZN'', Член 61.3</ref>

'''Субјективни синоними''' се оние што немаат таков заеднички тип, па затоа синонимијата е отворена за таксономско толкување,<ref>''ICZN'', Член 61.3.1</ref> и расправа помеѓу стручњаците: еден научник може да смета дека два или повеќе типа се однесуваат на еден ист таксон, додека пак друг може да ги смета за посебни таксони.

Објективните синоними се чести на ниво на род бидејќи можат да го содржат истиот типски вид;<ref>''ICZN'', Член 61.3.3</ref> Субјективните синоними се чести на ниво на вид поради тоа што научниците наидуваат на неочувано голема разновидност во рамките на еден ист вид, па така погрешно сметаат дека примерокот е всушност друг вид. Ова се случува и поради незапознаеност со претходни трудови.
Во [[ботаника|ботаничката]] номенклатура, синонимот е назив што не е исправен за описот, положбата и рангот во даден ботанички труд. Затоа, важи за „синоним на исправниот научен назив“, со тоа што исправноста зависи и од мислењето на научникот. Во ботаниката постојат следниве видови на синоними:

* '''хомотипни''' (номенклатурни), кои имаат ист [[тип (биологија)|тип]] (примерок) и ист [[таксономски ранг]]. Линеевиот назив ''Pinus abies'' L. го има истиот тип како ''Picea abies'' (L.) H.Karst. Затоа, велиме дека ''Pinus abies'' е „хомотипен синоним“ на ''Picea abies'' (случајот може да биде и обратен).

* '''хетеротипни''' (таксономски), кои имаат различни типови. Некои ботаничари го делат [[обично глуварче|обичното глуварче]] на многу, прилично ограничени видови. Називот на секој вид има свој тип. Кога обичното глуварче се зема групно, сите тие видови се хетеротипни синоними на ''Taraxacum officinale'' F.H. Wigg.