Орбитална брзина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: и тн. → итн. (2) using AWB
Ред 1:
'''Орбитална брзина''' — [[брзина]]та со која едно [[небесно тело]] или вештачки објект [[орбита|кружи]] околу [[тежиште (астрономија)|тежиште]] или, ако има многу помала маса од главното тело во системот, неговата брзина во однос на најголемото тело. Во вториот случај, брзината е релативна на површината на поголемото тело или на неговото тежиште.
 
Поимот може да се однесува на средната орбитална брзина (просечната брзина низ целата орбита) или на мигновената брзина во дадена точка на орбитата. Најголемата (мигновена) орбитална брзина се постигнува во [[апсида|периапсидата]] (перигејот, перихелот и тнитн.), а најмалата за тела во затворени орбити е во апоапсидата (апхелионот, апогејот и тнитн.). Кај идеалните двотелесни системи, телата во отворени орбити продолжуваат бесконечно да се забавуваат како што се оддалечуваат од тежиштето.
 
Кога системот приближно се зема за двотелесен, мигновената орбитална брзина во дадена точка на орбитата може да се пресмета според оддалеченоста од средишното тело и специфичната орбитална енергија на објектот (која е постојана и независна од положбата).