Острово (езеро): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 26:
}}
 
'''Острово''' — природно крајбрежно-изворско [[езеро]] крај [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] и [[Манастир „Св.Свети Наум“Наум|манастирот Свети Наум]], кое претставува извор - вруток на реката [[Црн Дрим]].
==Одлики==
Езерото Острово се наоѓа покрај јужниот крај на [[Охридското Езеро]] во близина на [[манастирот Св. Наум]]. Ова езеро спаѓа во типот на лагуни, кое е издвоено како посебен поттип на крајбрежно-изворско езеро.<ref>''Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанок на езерските басени; Географски разгледи, кн. 30, стр. 71-79, Скопје''</ref> Ова езеро е создадено со снижувањето на нивото на Охридското Езеро, при што некогашното заливче под дејството на брановите постепено е затворено со крајбрежен бедем широк околу 10 m. Езерото е долго 220 m, широко 140 m, а најголемата длабочина му изнесува 3,5 m. Помеѓу езерото Острово и Охридското Езеро постои краток површински водотек со должина од 12 m. Со вода се храни од [[изворите Св. Наум]] (коишто народот ги нарекува Изворите на Црн Дрим), односно, од 18 крајбрежни и 30 сублакустриски (подводни) извори чијашто вкупна максимална издашност изнесува 11 m<sup>3</sup>/s.<ref>''Стојадиновиќ Ч. Шапкарев Ј. (1962): Врелото на Црниот Дрим ("Острво") кај манастирот Св.Наум; Географски зборник, кн. III, стр. 27-46, Скопје''</ref> Во езерото се наоѓаат два острова, од коишто помалиот се користи како ресторан, а поголемиот е целосно обраснат со шума. Во август 2004 година температурата на водата на крајбрежните извори се движела од 10,7-11,5&nbsp;°C, а pH вредноста се движела од 6,9-7,1, во најголем дел 7,0. Температурата на водата во средишниот дел изнесувала 11,6&nbsp;°C, pH вредноста 7,0, а на излезот од езерото температурата на водата изнесувала 11,8&nbsp;°C, а pH вредноста 7,2. Езерото Острово во однос на Охридското Езеро се однесува како криптодепресија, бидејќи неговото ниво е повисоко од нивото на Охридското Езеро во просек за 0,56 m, додека дното во просек му е пониско за 2,94 m од нивото на водата во Охридското Езеро. Во минатото се правени многу обиди за да се утврди потеклото на водите во изворите Св. Наум. Претпоставките биле дека нивното потекло е од водите на Преспанското Езеро, кое што е повисоко за околу 160 m од Охридското Езеро, коишто понираат низ карстните масиви на Галичица во [[Мала Преспа]] на повеќе локации (Завир, Врагодупка и др.), па имало и обиди тоа да се докаже и со уфрлање на боја во понорите.<ref>''Цвијић Ј. (1911): Основе за географију и геологију Македоније и Старе Србије; Књ. III, Српска Краљевска Академија, стр 689-1272, Београд''</ref> Конечно во почетокот на 80<sup>тите</sup> од [[20 век|XX век]], со примена на природни изотопи е докажано дека партиципацијата на Преспанското Езеро во водите на изворите кај Св. Наум е cca 42 % и претставува 25 % од вкупно дренираните преспански езерски води коишто понираат низ варовничките маси на Галичица.<ref>''Ановски Т. и др. (1987): Востановување на потеклото на водите од изворите на Дрим кај св. Наум, Охрид; Центар за примена на радиоизотопи во науката и стопанството, стр. 1-39, Скопје.''</ref> Езерото Острово претставува строго заштитена зона во рамките на [[националниот парк Галичица]].
Ред 34:
==Наводи==
<references />
 
{{Езера во Македонија}}
[[Категорија:Езера во Македонија]]