Острово (езеро): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за езеро | lake_name = Острово | image_lake = Острово (Св. Наум - Охридско) 01.j...
Ознака: Изворно уредување 2017
(нема разлика)

Преработка од 15:12, 9 јуни 2020

Предлошка:Инфокутија за езеро

Острово — природно крајбрежно-изворско езеро крај Охридското Езеро и манастирот Свети Наум, кое претставува извор - вруток на реката Црн Дрим. Езерото Острово се наоѓа покрај јужниот крај на Охридското Езеро во близина на манастирот Св. Наум. Ова езеро спаѓа во типот на лагуни, кое е издвоено како посебен поттип на крајбрежно-изворско езеро.[1] Ова езеро е создадено со снижувањето на нивото на Охридското Езеро, при што некогашното заливче под дејството на брановите постепено е затворено со крајбрежен бедем широк околу 10 m. Езерото е долго 220 m, широко 140 m, а најголемата длабочина му изнесува 3,5 m. Помеѓу езерото Острово и Охридското Езеро постои краток површински водотек со должина од 12 m. Со вода се храни од изворите Св. Наум (коишто народот ги нарекува Изворите на Црн Дрим), односно, од 18 крајбрежни и 30 сублакустриски (подводни) извори чијашто вкупна максимална издашност изнесува 11 m3/s.[2] Во езерото се наоѓаат два острова, од коишто помалиот се користи како ресторан, а поголемиот е целосно обраснат со шума. Во август 2004 година температурата на водата на крајбрежните извори се движела од 10,7-11,5 °C, а pH вредноста се движела од 6,9-7,1, во најголем дел 7,0. Температурата на водата во средишниот дел изнесувала 11,6 °C, pH вредноста 7,0, а на излезот од езерото температурата на водата изнесувала 11,8 °C, а pH вредноста 7,2. Езерото Острово во однос на Охридското Езеро се однесува како криптодепресија, бидејќи неговото ниво е повисоко од нивото на Охридското Езеро во просек за 0,56 m, додека дното во просек му е пониско за 2,94 m од нивото на водата во Охридското Езеро. Во минатото се правени многу обиди за да се утврди потеклото на водите во изворите Св. Наум. Претпоставките биле дека нивното потекло е од водите на Преспанското Езеро, кое што е повисоко за околу 160 m од Охридското Езеро, коишто понираат низ карстните масиви на Галичица во Мала Преспа на повеќе локации (Завир, Врагодупка и др.), па имало и обиди тоа да се докаже и со уфрлање на боја во понорите.[3] Конечно во почетокот на 80тите од XX век, со примена на природни изотопи е докажано дека партиципацијата на Преспанското Езеро во водите на изворите кај Св. Наум е cca 42 % и претставува 25 % од вкупно дренираните преспански езерски води коишто понираат низ варовничките маси на Галичица.[4] Езерото Острово претставува строго заштитена зона во рамките на националниот парк Галичица.

Галерија

Наводи

  1. Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанок на езерските басени; Географски разгледи, кн. 30, стр. 71-79, Скопје
  2. Стојадиновиќ Ч. Шапкарев Ј. (1962): Врелото на Црниот Дрим ("Острво") кај манастирот Св.Наум; Географски зборник, кн. III, стр. 27-46, Скопје
  3. Цвијић Ј. (1911): Основе за географију и геологију Македоније и Старе Србије; Књ. III, Српска Краљевска Академија, стр 689-1272, Београд
  4. Ановски Т. и др. (1987): Востановување на потеклото на водите од изворите на Дрим кај св. Наум, Охрид; Центар за примена на радиоизотопи во науката и стопанството, стр. 1-39, Скопје.