Црвена лисица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Исправка на единица, replaced: км/час → км/ч using AWB
Ред 23:
'''Црвената лисица''' е најпозната од сите видови на лисици. Taa е најраспространета не само од сите видови на лисици туку и од сите останати копнени месојадци. Како што кажува нејзиното име крзното по боја најчесто и е црвено-кафено. Постојат околу 40 подвидови на лисици.
 
Генерално, секоја лисица е самотник и живее на своја територија. Единствено во зима се здружува со друга лисица, додека во текот на летото самостојно се храни.
 
== Изглед ==
[[File:RenardCrâne.jpg|left|thumb|''Vulpes vulpes''- Черепот]]
Крзното од горната страна на црвената лисица најчесто е со црвена боја, а од долната бело, меѓутоа тоновите на бојата и се менуваат во зависност од подрачјето кое го населуваат, па според тоа, бојата на горниот дел од телото и варира од црвенкасто-жолта до темно црвено-кафејава и може да биде ишарано со црвени, кафени, црни и бели влакна, а долниот дел од чисто бела па до сива боја. Долните делови од нозете и се црни.
Очите на лисицата и се со златно-жолта боја и имаат карактеристични вертикално издолжени зеници слични како на мачката. Имаат одличен вид и многу се вешти, а опашката им овозможува рамнотежа при изведувањато на акробатски скокови. Силните нозе им овозможуваат да трчаат со брзина од 70 км/часч така што можат успешно да ловат или да му побегнат на предаторот.
 
Во текот на есента и на зимата, на лисицата и расте повеќе крзно одколку вообичаено. Тоа е т.н. “зимско крзно“ кое ја штити лисицата од студот, а кое го губи на почетокот на пролетта кога тоа повторно станува кратко во летниот период.
Ред 35:
Се хранат претежно со разни глодари, глувци, зајци, инсекти, риби, но и со сите видови на други мали животни, билки како и со лешеви. Покрај тоа честа ловина им се и јајца од гнезда на птици кои се гнездат на земја како кокошки, еребици, фазани и др. Ретко уловуваат и младо срнче, а уште поретко прасе од дива свиња, додека некој влекач или водоземец ќе го изеде само во крајна нужда. Тиа знаат да влезат и во кокошарник и да украдат по некоја кокошка. Во зависност од годишното време лисиците се хранат и со зрели бобинки како и со равно овошје. Во потрага по храна лисиците ги јадат и животните кои настрадуваат во сообраќајот.
 
Црвените лисици се животни кои се активни во приквечерината, додека оние кои живеат во урбаните краеви се ноќни животни. Секоја лисица лови сама. Ако улови повеќе храна одколку што може да изеде, вишокот на храна го закопува и го јаде подоцна.
 
== Подвидови ==
Ред 97:
{{наводи}}
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Животни]]