Разлика помеѓу преработките на „Историја на Советскиот Сојуз (1964–1982)“

с
Отстранување на врска, replaced: Time → Time using AWB
с (Bot: Migrating 2 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q3399014 (translate me))
с (Отстранување на врска, replaced: Time → Time using AWB)
'''Историјата на Советскиот Сојуз во периодот од 1964 до 1982''' година го опфаќа периодот од владеењето на [[Леонид Брежнев]]. Поради ова, овој период е познат и како ''ерата на Брежнев''. Овој период започнал со голем раст во економијата но завршил со голема социјална, политичка и економска стагнација. Главна причина за оваа стагнација била поради фактот што голем дел од економските реформи никогаш не биле целосно извршени.
 
[[Никита Хрушчов]] бил соборен како прв [[Генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот сојуз |секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз]], како и претседателот на Советот на министри, поради неговите реформи кои не успееле и непочитување на партија и државните институции во октомври [[1964]] година. Брежнев го заменил Хрушчов како прв секретар и [[Алексеј Косигин]] го заменил како претседавач на Советот на министри. [[Анастас Микојан]], а подоцна и [[Николај Подгорниј]], станале претседатели на Президиумот на Врховниот Совет. Заедно со [[Андреј Кириленко]] како организациски секретар, и [[Михаил Суслов]] како главен идеолог, тие го основале колективното раководство, кои разлики во формата со автократија го карактеризирале владеењето на [[Никита Хрушчов]].
 
Колективно раководство најпрвин си поставило за цел да се стабилизира Советскиот Сојуз и мирното советското општество. Покрај тоа, тие се обиделе да го забрзаат економскиот раст, кој бил забавен значително во текот на последните години на Хрушчов како владетел. Во [[1965]] година Косигин иницирал неколку реформи за децентрализација на советската економија. По првичниот успех во создавањето на економски раст, тврдокорните струи во партијата ги стопирале реформите, плашејќи се дека со тоа ќе се ослабне престижот и силата на партијата. Економскиот раст започнал да стагнира во почетокот на 1970-тите. По смртта на Брежнев во 1982 година настапил периодот на уште еден мал економски раст на советската економија, по кое следувало конечното распаѓање на земјата.
 
Колективното раководство во своите рани фази, обично се нарекувало како ''Брежнево-Косигинско раководството'' {{sfn|Bacon|Sandle|2002|p=54}}. По иницирањето на економските реформи од [[1965]] година од страна на Косигин, неговиот престиж во рамките на советското раководство застанало и неговото губење на моќта било проследено со јакнење на позицијата Брежнев во рамките на советската хиерархија{{sfn|Brown|2009|p=403}}. Влијанието на Косигин дополнително се намалило кога Подгорниј станал втора најголема фигура во Советскиот Сојуз{{sfn|Daniels|1998|p=36}}.
Брежнев уште во [[1970]] година направил заговор за соборување на Подгрониј од колективното раководство. Причината била едноставна: Брежнев бил трет, додека Подгрониј бил прв во рангирањето на советскиот дипломатски протокол. Отстранувањето на Подгрониј би го направил Брежнев шеф на државата, и неговата политичка моќ би се зголемила значително. За голем дел од тој период, сепак, Брежнев не бил во можност да го отстрани, затоа што тој не можел да смета на доволно гласови во [[Политбиро]]то, со оглед на тоа што отстранувањето на Подгрониј би значело слабеење на моќта и престижот на колективното раководство. Подгрониј продолжил да се здобива со поголема моќ како шеф на државата во текот на раните 1970-ти, поради либералниот став на Брежнев кон [[Југославија]] и неговите разговори за разоружување со некои западни земји, политики кои голем дел од советските официјални претставници ги виделе како спротивни на комунистичките принципи.<ref>{{cite news| author=|url=http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,877509,00.html | title = Soviet Union: Whoa, Comrade Brezhnev | work = [[Time (magazine)|Time]] | language = | date= 6 December 1971 | accessdate = 14 February 2011 | page = 1 }}</ref>. Брежнев ја зајакнал својата позиција значително во текот на раните до средината на 1970-тите години во рамките на раководството на партијата и по слабеењето на фракцијата на Косигин. Од 1977 тој имал доволно поддршка во Политбирото за соборување на Подгрониј од канцеларија и активната политика во целина{{sfn|Brown|2009|p=402}}
 
== Обид за атентат ==
== Одбранбена политика ==
 
Советскиот Сојуз започнал со голема воена изградбата во [[1965]] година преку проширување на двете нуклеарни и конвенционални арсенали. Советското раководство верувало дека силната војска ќе биде корисна потпора во преговорите со странските сили, и ќе доведе до зголемување на безбедноста на [[Источен блок|Источниот блок]] од напади. Во 1970-тите, советското раководство заклучило дека војната со капиталистичките земји не означува дека може да стане нуклеарна, и затоа тие иницирале брза експанзија на конвенционалните сили во земјата. Поради послабата инфраструктура на земјата во споредба со [[САД]], советското раководство верувало дека единствениот начин да се победи бил со брзо воено освојување на [[Западна Европа]]. Советскиот Сојуз станала нуклеарна земја која може да се споредува со САД во раните 1970-ти, по што земјата се консолидирала како суперсила{{sfn|Bacon|Sandle|2002|p=19}}.
 
Брежнев, според некои од неговите најблиски советници, бил загрижен за растечките воените трошоци во 1960-тите. Советниците подоцна раскажувале како Брежнев дошол во судир со неколку врвни воени индустријалци, како [[Андреј Грешко]]. Во почетокот на 1970-тите години, според Анатолиј Александров-Агентов, еден од најблиските советници на Брежнев, изјавил дека Брежнев присуствувал на пет-часовна средба за да се обиде да ја убеди советската воена единица да се намалат воените трошоци{{sfn|Evangelista|2002|p=178}}. Кога Грешко починал во 1976 година [[Дмитриј Устинов]] го наследил неговото место како министер за одбрана. Устинов, иако близок соработник и пријател на Брежнев, спречил секаков обид од страна на Брежнев да се намалат националните воени трошоци. Во неговите подоцнежни години, Брежнев немал волја за да се намалат трошоците за одбраната, поради неговото здравје{{sfn|Evangelista|2002|p=179}}.
== Стабилизација ==
 
Брежнев наредил замена на половина од регионалните лидери и членовите на Политбирото. Ова бил еден типичен потег за советски лидер кој се обидувал да ја зајакне својата моќ. Примери на членовите на Политбирото кои го загубиле своите членство за време на ерата на Брежнев се [[Генадиј Воронов]], [[Дмитриј Полјански]], [[Александар Шелепин]], [[Петро Шеласт]] и Подгрониј {{sfn|Bacon|Sandle|2002|p=11}}. Полјански и Воронов го изгубиле своето членство во Политбирото, бидејќи се сметале за членови на фракцијата на Косигин. На нивно место биле поставени [[Андреј Грешко]], министерот за одбрана, [[Андреј Громико]] како министер за надворешни работи и претседателот на КГБ [[Јуриј Андропов]].
 
Отстранувањето и замената на членови на советското раководство било запрено во доцните 1970-ти{{sfn|Bacon|Sandle|2002|p=12}}. За време на неговата ера, Брежњев исто така, бил и претседател на Уставната комисија на Врховниот Совет, кој работел за создавање на нов устав. Комисијата имала 97 членови. Брежнев со ова учество не сакал толку да остави белег во историјата колку што посакувал да ја намали улогата на [[Алексеј Косигин]] како премиер.{{sfn|Zemtsov|1989|pp=97–98}}. Новиот устав не бил ниту анти-сталинистички ниту нео-сталинистички.
== Доцни години ==
 
Во неговите подоцнежни години, Брежнев го развил својот сопствен култ на личноста{{sfn|Service|2009|p=403}}. Брежнев бил награден со Ленинската награда за литература. Овие награди биле доделени на Брежнев за да ја зајакне својата позиција во рамките на партија и на Политбирото{{sfn|Brown|2009|p=405}}. Кога Алексеј Косигин починал на [[18 декември]] [[1980]] година, еден ден пред роденденот на Брежнев, Правда и другите медиуми го одложиле известувањето за неговата смрт{{sfn|Service|2009|p=403}}. Во реалноста, сепак, физичките и интелектуалните капацитети на Брежнев започнале да опаѓаат во 1970-тите години поради неговото лошо здравје{{sfn|Brown|2009|p=398}}.
 
Брежнев ја одобрил советската интервенција во [[Авганистан]] исто онака како што претходно го одобрил [[Варшавски пакт|Варшавскиот пакт]] и инвазијата на Чехословачка. Неколку водечки членови на советското раководство одлучиле да го задржат Брежнев како генерален секретар, така што нивните кариери нема да страдаат од можна реконструкција на кабинетот од страна на неговиот наследник. Другите членови, кои не го сакале Брежнев, меѓу нив и [[Дмитриј Устинов]] (Министер за одбрана), [[Андреј Громико]] (министер за надворешни работи), и [[Михаил Суслов]] (секретар на Централниот комитет), стравувале дека отстранувањето на Брежнев ќе предизвика голема криза, и така тие помогнале да се одржува статус кво{{sfn|Service|2009|p=404}}.