Абортус: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
*'''Перфорација''' - перфорацијата претставува пробивање на ѕидот на матката со помош на инструмент со кој се врши абортусот. Матката е силен мускул и доколку се оштети површно, раната зараснува сама. Доколку се повреди поголем крвен сад или некој орган неопходна е операција. Затоа абортусот се извршува во клиники кои имаат операциони сали.
*'''Кинење на cerviks''' (грлото на матката) кај абортусот кој се изведува во второто тромесечие од бременоста поголема е веројатноста да дојде до повреда на грлото на матката отколку кај абортусот кој се изведува до десеттата недела од бременоста. Можеби жената нема да ја почуствува повредата која се случила, но лекарот мора да ја извести и да внесе податоци за повредите во нејзиниот картон. Малите процепи зараснуваат и без интервенции. Сериозните повреди бараат зашивање.
*'''Емболија''' - Емболија претставува затнување на крвните садови на некое teloтело-embolusom, најчесто со воздух или згрутчена крв. После абортус најчесто доаѓа до клучна емболија, при која embolus ги затвора гранките на белодробната артерија која доведува до инфаркт на белите дробови и попуштање на десната половина на срцето. Клинички се претпоставува дека се појавуваваат болки во градите, отежнато е дишењето, појава на кашлање и искашлување на крв.
*'''Копликација од Анестезија''' - Локалната анестезија може да предизвика зуење во ушите, пецкање на дланката и стапалата, и се чувствуваат празнини во главата. Сериозни алергиски реакции се ретки. После будењето, после општата анестезија, често се јавува малаксаност, тешкотии и дезориентација. Можно е да се разбуди со грчеви слични на оние после абортус. Многу ретко е можна реакција која може да го оштети црниот дроб или други органи, општа анестезија незначајно го зголемува ризикот од самиот абортус. Крварењето е посилно бидејќи мускулите на матката се опуштени.
*'''Неуспешен абортус''' (продолжување на бременост) - многу ретко се случува абортусот да биде неуспешен, односно жената да продолжи со бременоста. Поради тоа после секој абортус се проверва дали е секое ткиво отстрането. Привремено прекин на бременоста се случува во ситуации кога плодот е целосно неотстранет, кога е во прашање повеќекратна бременост па само едниот фетус да бидe изваден, и кога постои така наречена дупла бременост. Ова пореметуваење е почесто ако абортусот се изврши пред време т.е. ако има поминато помалку од 6 недели од првиот ден на последната менструација. Ако вакво нешто се случи, значи бременоста нема да се прекине и абортусот мора да се повтори за една недела.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Абортус