За природата на нештата: Разлика помеѓу преработките

нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Во третата книгa, општите концепти кои се веќе предложени се применети со цел да се покаже дека виталните и интелектуални принципи, Anima и Animus, се исто толку дел од нас колку што се и нашите органи, но како што тие органи немаат одвоено и независно постоење, така и душата и телото живеат и исчезнуваат заедно. Доказот оди во насока на докажување на безумноста на ужасот од смртта, затоа што со смртта ќе исчезне и секакво чувствување.<ref name=ramsay /> Четвртата книга е посветена на теоријата на [[Сетилни органи|сетилата]], видот, слухот, вкусот, мирисот, спиењето и [[Сон|соништата]] и завршува со расправа за [[Љубов|љубовта]] и [[секс]]от.<ref name=ramsay />
 
Петтата книга се осврнува на потеклото на светот и сите нешта во него, движењето на [[Небесниастрономско телатело|небесните тела]], промената на [[Годишни времиња|годишните времиња]], денот и ноќта, подемот и напредокот на човештвото, општеството, политичките институции и измислувањето на разните уметности и науки кои го облагородуваат животот.<ref name=ramsay /> Шестата книга содржи објаснување на некои од највпечатливите природни појави, особено громот, молњата, градот, дождот, снегот, мразот, студот, топлината, ветрот, земјотресите, вулканите, изворите и местата штетни за животинскиот живот што води до расправа за болестите. Тука тој дава еден опис на големата чума што ја погодила [[Атина]] за време на [[Пелопонеската војна]] и тука книгата завршува. Ненадејниот крај предложува дека Лукретиј Кар не успеал да го заврши уредувањето на поемата пред неговата смрт.
 
=== Цел ===