Наколец: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Географија и местоположба: Стилска исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup> using AWB
с →‎Географија и местоположба: Стилско подобрување на табела, replaced: 1 км → 1 км, 7 км → 7 км using AWB
Ред 35:
Наколец се граничи со следниве села: со [[Штрбово]] на север, со [[Љубојно]] на исток, со селото [[Долно Дупени]] на југ и со водите на Езерото на запад.<ref name="книга" />
 
Атарот на Наколец се простира на површина од 487 хектари (околу 4,87 &nbsp;км<sup>2</sup>) и зафаќа исклучително рамничарско обработливо земјиште. Од вкупната површина на атарот: 277 [[хектар]]и се обработливо земјиште, 136,7 хектари пасишта и 0,7 хектари шума.<ref name="книга" />
 
Низ атарот на Наколец тече [[Брајчинска Река]], чии води во летниот период се користат за наводнување на овошните и градинарските насади. Се пренесува сеќавање дека некогаш реката се влевала во езерото на околу 500 метри јужно од селото, но во една голема поплава го променила своето првобитно корито. Покрај водите од реката, за наводнување на овошните насади се користат и подземните води од ископаните бунари.<ref name="книга" />
 
Наколец е село од собран тип во издолжен облик од околу 1 &nbsp;км во насоката запад-исток, со обновени или новоизградени куќи, безмалку сите на приземје и кат, а некои и на повеќе катови. Куќите имаат уредени дворни места, каде се изградени потребните стопански објекти (штали, плевни, магацини, тремови, гаражи, летни кујни, бунари, гумна и др.). Куќите се наредени од двете страни на една подолга асфалтирана улица од која се издвојуваат неколку попречни асфалтирани улички.<ref name="книга" />
 
Според групираноста на куќите и семејствата, селото се дели на следниве маала: Горна Маала (југозападниот), Ајровска Маала (западниот), Шемшединовска Маала (северниот), Шерифовска Маала (јужниот) и Бидовска Маала (јужниот дел на селото). Во Горна Маала, кое е најмногу изменето, бидејќи има многу нови градби, се наоѓа чешмата, која со своите стари и големи висечки врби и зелените лединки околу неа, некогаш била собиралиште во селото. Покрај чешмата, скоро секое семејство во селото има свој бунар.<ref name="книга" />
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Наколец