Костинци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замането со тековен назив на предлошка, replaced: {{Населени места во општина Долнени}} → {{Општина Долнени} using AWB
с →‎Географија и местоположба: Стилско подобрување на табела, replaced: 5 км → 5 км using AWB
Ред 24:
Костинци — село во северниот дел [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] и [[Општина Долнени|Општината Долнени]], од десната страна на патот [[Прилеп]]–[[Македонски Брод]].<ref name=mitkopanov>{{наведена книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref> Поточно, селото Костинци се наоѓа во прилепскиот крај, во крајниот северен дел на [[Пелагонија]]. Тоа е полско село сместено помеѓу Секирци, Црнилиште, Зрзе и Слепче. Костинци од источната страна се граничи со огранците на планината Бабуна спуштени спрема с.[[Слепче]], како и слепечкото поле, од север се граничи со атарот на с.[[Црнилиште]] и долгаечкото поле, а од запад зрзеското поле и благите огранци на планината [[Даутица]] кои се спуштаат паралелно со долината на местото наречено Бојаник. Од јужната страна селото и неговото поле се граничат со големата пелагониска котлина т.е. секиречкото поле. Расположено е на надморска височина од околу 620 метри. Од градот [[Прилеп]] е оддалечено 30 километри во северозападен правец.<ref name=mitkopanov/>
 
Крај Костинци тече [[Строшка Река]], која често се излева и го поплавува околното земјиште. Водата за пиење се добивала од бунари, а во денешно време селото има водовод кој се снабдува со вода од хидросистемот Студенчица. Костинци е составено од маала кои се нарекуваат по поголемите родови. Маалата меѓусебно се незначително оддалечени поради што селото е од збиен тип. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 &nbsp;км<sup>2</sup> на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 418 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14 ха, а на шумите само 3 хектари.<ref name=mitkopanov/> Според тоа Костинци има исклучително поледелска функција. Потезите и местностите во селскиот атар ги носат следните имиња: Градски Пат, Сливски Пат, Зрзески Пат, Долгаечки Пат, Црнилишки Пат, Капина, Мртвица, Возовир, Ѓерекарица, Арапица („црна земја“), Езериште, Затока, Тапан, Јасика, Дуњи, Шуклеица, Гарелица, Аџиина Корија (сега под ливади), Брегои и Илјадница.
 
== Историја ==