Волковија (Реканско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 53:
=== Потекло и значење на името ===
 
Според кажувањата и преданијата меѓу населението, најпрвин кога селото било основано, тоа се наоѓало во густите борови шуми, па многу често имало наезди од глутници волци кои правеле штети. Поради ова селото било наречено Волковија. Името Волковија го носи уште едно село во [[Македонија]], во [[Полог]] (Тетовско) и една месност во Струмичко, со значење ''диво место''.<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - Acta Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref> Оттаму името Волковија е со македонско јазично потекло, што може да укажува за историјата и потеклото на населението на ова село. Не постои некаква родовска и историска врска помеѓу двете истоимени села Волковија, иако тие не се многу далечни и се наоѓаат во соседни региони. Во својата историја, Волковија во Горна Река, под ова име се среќава запишана во отоманските дефтери од втората половина на XV век. Сепак, во досегашното постоење селото со неколкуте промени на местоположбата на различни но блиски месности во атарот, тоа носело и уште 2 други имиња: ''Бежово'' и ''Слана''<ref name="Смиљаниќ" />. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина, како што селото се поместувало така ги менувало и имињата, односно тоа најпрвин се наоѓало во месноста Бежово (веројатно од некој збег) погоре од денешното село и го носело токму тоа име, за потоа поради „зулуми“ тоа да се разбега по шумата и во збегот да се подигне новото село наречно Слана<ref name="Смиљаниќ" />. Потоа, пред 200 години (денес 305 години) среде големајака зима и голем снег селото се спуштило на денешното место, каде што добило „ново“ (сегашното) име<ref name="Смиљаниќ" />. Сепак историските записи велат дека село Волковија во казата Река имало уште во XV век, па можно е тоа по раселувањата пред 300 години, да го вратило своето првобитно име. Сите овие имиња Волковија, Бежово и Слана се од чисто македонско и словенско јазично потекло, што укажува на некои аспекти во однос на претпоставките и теориите за припадноста на населението.
 
== Стопанство ==