Еластичност (економија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување
Ред 1:
'''Еластичноста''' претставува еден од основните концепти во [[Микроекономија|микроекономијата]], т.е. во теоријата на [[понуда]]та и [[побарувачка]]та. ''Еластичноста'' покажува како реагираат понудата и побарувачката на промените на факторите од кои зависат тие. Еден начин да се дефинира еластичноста е: процентуалната промена на една променлива поделена со процентуалната промена на друга променлива (позната како ''лачна еластичност'', која ја пресметува еластичноста за опсег на вредности, за разлика од ''точкестата еластичност'' која користи диференцијални равенки за пресметка на еластичноста на одредена точка на кривата на понудата или побарувачката.)

Значајна карактеристика на еластичноста е тоа што таа ''не е'' само коефициент на наклон на функцијата. На пример, една права со константен коефициент на наклон ќе има различна еластичност на различни точки. Оттаму, мерката на еластичноста е независна од мерните големини во кои се изразени цените и количествата (унци и грама, метри и милји), додека мерката на наклонот зависи од нив.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 329.</ref> Концептот на еластичноста прв го популаризирал англискиот економист [[Алфред Маршал]].ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 328-329.</ref>

==Пресметка на еластичноста==
Еластичноста може да се пресмета како количник на процентуалната промена на количината и процентуалната промена на цената. На пример, ако цената се зголеми од 1 [[долар]] на 1.05 долари, а понудената количина поране од 100 пенкала на 102 пенкала, тогаш коефициентот на наклон е 2/0,05 = 40 пенкала по долар. Поради зависноста на еластичноста од процентуалните промени, понудената количина на пенкала пораснала за 2%, а цената за 5%, така што еластичноста изнесува 2%/5% = 0,4.

===Еластичност во точка===
Вообичаената дефиниција на еластичноста е онаа според која таа претставува однос меѓу релативната промена на количеството и релативната промена на цената на производот при што се претпоставува дека двете промени се бесконечно мали. Изразено симболично, еластичноста (η) се пресметува на следниов начин:<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 329.</ref>

η = ΔQ/Q : ΔP/P = ΔQ/ΔP • P/Q

каде: Q е количеството, P е цената, додека Δ е нивната апсолутна промена.

Исто така, еластичноста во точка може да се изрази и графички на следниов начин: се избира една точка на кривата на побарувачката (или понудата) и се повлекува права линија која ја допира кривата во избраната точка; со други зборови, се наоѓа тангентата на кривата на побарувачката во избраната точка; [[тангента]]та се продолжува до [[апсциса]]та (на која е прикажано количеството) и до [[ордината]]та (на која е прикажана цената); на тој начин, избраната точка ја дели тангентата на две отсечки; еластичноста во точката се пресметува како однос меѓу должината на долната и горната отсечка.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 330-331.</ref>

===Лачна еластичност===
Еластичноста во точка е применлива само ако кривата на понудата или побарувачката е континуирана линија, но не и во случаите кога се расположливи само неколку цени и количества. Во тој случај се пресметува лачната еластичност која претставува апроксимација на вистинската еластичност. На пример, ако се дадени комбинации од две цени и две количества, тогаш не може да се пресмета една еластичност, зашто постојат берзброј криви на побарувачката (или понудата) кои можат да поминат низ тие две точки. Лачната еластичност е еквивалентна на повлекувањето права линија меѓу две точки и пресметување на еластичноста во точката што се наоѓа на средината меѓу двете точки. Конкретно, лачната еластичност се пресметува со следнава формула:<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 331-333.</ref>

η = (Q0 - Q1)/(Q0 + Q1) : (P0 - P1)/(P0 + P1) = (Q0 - Q1)/(Q0 + Q1) • (P0 + P1)/(P0 - P1)

каде: Q0 и Q1 се првото и второто количество, а P0 и P1 се првата и втората цена.

==Еластичност на побарувачката==
Ред 10 ⟶ 34:

Еластичноста на побарувачката на еден производ во однос на промената на цената на друг проиивод се вика ''вкрстена еластичност'' (''cross-elasticity''). Таков е случајот со еластичноста на побарувачката во однос на производите кои служат како супститути (го заменуваат дадениот производ) или комплементи (се надополнуваат со дадениот производ). Притоа, вкрстената еластичност во однос на блиските супститути е позитивна, додека во однос на блиските комплементи е негативна. По правило, колку производите се поголеми супститути, толку вкрстената еластичност е повисока. На пример, еластичноста на побарувачката на определена марка [[кафе]] во однос на цената на другите марки кафе е многу висока, додека вкрстената еластичност на кафето во однос на другите [[Пијалак|пијалаци]] е помала. Бидејќи поголемиот број производи не се блиски суспститути или блиски комплементи меѓу себе, тешко е да се определи знакот или големината на вкрстената еластичност на нивната побарувачка.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 31-33.</ref>

==Значење на еластичноста==
Ако побарувачката има единечна еластичност, тоа значи дека по целата крива на побарувачката производот меѓу цената и количеството (приходот од продажбата) ќе биде еднаков. Со други зборови, независно како се менува продажната [[Цена (економија)|цена]], приходот на фирмата ќе остане непроменет. Ако пак се работи за нееластична побарувачка, тогаш при намалување на цената, количеството ќе порасне за помал процент. Оттука, ако се намали цената ќе дојде до намалување на приходот од продажбата. Спротивно, при еластична побарувачка, ако се промени цената, продаденото количество ќе се промени за поголем процент и во случај на намалување на цената, приходот од продажбата ќе се зголеми. Оваа врска меѓу еластичноста на [[Побарувачка|побарувачката]] и приходот од продажбата е прикажан во следнава табела.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 333-334.</ref>

''Табела 1. Еластичноста и приходот од продажбата''
{| class="wikitable"

! Насока на промената на цената !! Нееластична побарувачка !! Единечна еластичност !! Еластична побарувачка

| Пораст на цената || Приходот расте || Приходот не се менува || Приходот опаѓа

| Намалување на цената || Приходот опаѓа || Приходот не се менува || Приходот расте

== Наводи ==