Курск (подморница): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-. август + август)
с Правописна исправка, replaced: Северното море → Северното Море using AWB
Ред 44:
|Ship notes= Домашно пристаниште: Видјаево, Русија
}}
|}
 
'''К-141 Курск''' (рус. Атомная подводная лодка „Курск“) била нуклеарна подморница од класата Оскар 2 во составот на Северната флота во Руската морнарица. Подморницата потонала по експлозија во текот на воена вежба, во [[Баренцовото море]], при што загинал целокупниот екипаж. Курск била една од најголемите подморници на Руската морнарица и гордост на Северната флота.
 
== Историја ==
 
Изградбата на Курск започнала во 1992., а била предадена во работа во 1994. Таа била последна од серијата подморници од класата Оскар 2 кои биле дизајнирани и произведувани во времето на [[СССР]]. Со должина од 154 метри и висока речиси колку четирикатница, таа била најголемата воена подморница било кога направена. Надворешната обвивка била од челик со висок процент на хром и никел дебел 8,5мм. Ова ѝ овозможувало добра заштита од корозија и од магнетна детекција. До внатрешната обвивка дебела 50,8мм имала 2м празен простор.
 
Курск бил дел од Руската Северна флота, која била постојано недоволно финансирана во текот на 1990-тите. Многу од подморниците биле усидрени и рѓосувале во Северното мореМоре, близу до Мурманск.<ref>[http://www.bellona.org/articles/andreyeva_ticking_bomb ''Andreyeva Bay is a ticking bomb, Bellona’s documents prove'' – Rashid Alimov, ''Bellona Foundation'', Oslo, 7 June 2007].Retrieved on [[2007-08-08]].</ref> Опремата била слабо одржувана, а морнарите не добивале плата со месеци. Кон крајот на декадата дошло до пресврт и вистинска ренесанса за флотата: во 1999 Курск успешно ја следел Шестата флота на [[САД]] во [[Медитеран]]от за време на [[Косовската војна]].
 
== Експлозија ==
 
Во август 2000-та во [[Баренцовото море]] се одржувала голема воена вежба во која биле вклучени четири подморници, крстосувачот „Пјотр Велики“ и флотила од помали бродови. Курск испловил за да изврши вежба со испалување на вежбовни торпеда кон крстосувачот „Пјотр Велики“. На 12 август 2000, во 11:28 по локално време (07:28 [[УТЦ]]) Курск ги испалил торпедата, но брзо потоа дошло до експлозија во подморницата. Единствениот веродостоен извештај до денес е дека експлозијата настанала како резултат на оштетување на едно од торпедата кое било погонувано од [[хидроген-пероксид]]. Хемиската експлозија имала сила еквивалентна на 100-250кг [[ТНТ]], и создала потрес од 2,2 степени по [[Рихтеровата скала]]. По експлозијата подморницата потонала до длабочина од 108м, на околу 135км од Североморск, на координати {{coord|69|40|N|37|35|E}}. По 135 секунди, првата експлозија била проследена со втора, поголема, која создала потрес од 3,5-4,4 степени по Рихтеровата скала, еквивалентно на 3-7 тони ТНТ.<ref>[http://www.geotimes.org/feb01/kursk ''Forensic seismology''].Retrieved on 2007-08-08.</ref> Една од тие експлозии исфрлила големи парчиња метал кон внатрешноста на подморницата.
 
== Обиди за спасување ==
 
Иако биле направени обиди за спасување, дури и со помош на Британски и Норвешки спасувачи, сите членови на екипажот загинале. Се поставува прашање колку долго по експлозијата биле живи, бидејќи кај заменик-капетанот Димитри Колесников биле најдени белешки на кои пишувало дека со уште 23 морнари е затворен во комората број 9 по експлозијата.
 
Руските команданти и политичари тврделе дека сите морнари веднаш загинале од повреди од експлозиите, но овие се сметаат за повеќе политички изјави отколку веродостојни. Некои траги пронајдени подоцна во подморницата укажуваат дека можеби имало преживеани и неколку дена по несреќата.
 
== Извлекување ==
Ред 70:
Нуклеарниот реактор бил деактивиран и нуклеарното гориво обезбедено, а потоа целата подморница била расклопена во заливот Сајда, на полуостровот Кола во 2003.<ref>[http://www.bellona.org/english_import_area/international/russia/navy/northern_fleet/incidents/28703 ''Defuelled Kursk will join submarine graveyard'' – Igor Kukrik, Bellona Foundation, Oslo, 3 март 2003].Retrieved on [[2007-08-08]].</ref>
 
Официјалната истрага заклучила дека неисправно торпедо било причината за експлозијата и потонувањето на Курск.
 
== Надворешни врски ==