Свети Никола: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Отстранета категорија using AWB
с →‎Народни обичаи: Правописна исправка, replaced: Солунскиот залив → Солунскиот Залив using AWB
Ред 58:
 
Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците.
Во таа смисла [[Марко Цепенков]] запишал дека ''“Свети Никола је на морињата – да варди луѓето од талазите на морето да не се удаат”''. [[Стефан Тановиќ]], пак во записите на обичаи и верувања од [[Гевгелиско]] на едно место забележал дека овој ден се празнувал “поради дождови и поплави”, а на друго место дека го празнувале рибарите и морепловците, дека секогаш бил на вода и ги држел клучевите од седум извори за да не се удават луѓето, зашто кога би ја пуштил водата сите би се удавиле. На [[Дојранското Езеро]], на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а и во [[Солунскиот заливЗалив]] престанувал сообраќајот. [[И Е. Спространов]] во обичаите од [[Охрид]] забележал дека Свети Никола бил тој “''шо и поиљвит морињата. Тога, каде да се најт гемија или пампур останвит таму макар, стрет море да је, ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Свети Никола е фенерлија, праит чудесиј”''.
 
Во македонските народни песни Св. Никола е опејан како “стар свети Никола” кој може да го одмрзне и замрзнатото море, но и кој гради цркви и манастири: “Цркви гради стар свети Никола, /градил ги е од злато и сребро”. Стиховите, пак, од оваа песна во кои Св. Никола и се обраќа на златната рипка од дното на морето: “сребро, злато, цркви ќе дограда,/бесцен камен у олтар ќе става,/тебе рипке, курбан ќе те колам”, се во врска со обичајот да се јаде риба на празникот (особено на зимскиот прзник кој спаѓа во Божиковите пости) како и со обичајот во некои места за курбан да се готви риба-крап.