Wi-Fi: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Рекорди на домет: Јазична исправка, replaced:  km →  км (2) using AWB
с Јазична исправка, replaced: рутер → насочувач (8), Рутер → Насочувач using AWB
Ред 11:
Wi-Fi уредите како персоналните компјутери, конзолите за видеоигри, мобилните телефони, MP3 плеери или преносните компјутери можат да се поврзат на интернет ако се во домет на безжична мрежа со пристап до интернет. Покривањето на една или повеќе точки на пристап (кои се меѓусебно поврзани), уште попознати по англискиот термин hotspot, може да зафати површина со големина од неколку соби до неколку квадратни километри. Покривањето на поголема површина може да се изведи со група од повеќе точки на пристап чии сигнали ќе се препокриваат. Wi-Fi технологијата се користи за градење на таканаречена мрежа од безжични мрежи (анг. Wireless mesh networks) како, на пример таа во Лондон, Англија.
Покрај употребата за градење на приватни мрежи по домовите и канцелариите, Wi-Fi технологијата се користи и кај [[јавна точка на безжичен пристап|пристапните точки]] (англ. ''hotspots'') за доделување на јавен пристап до интернет, бесплатно или со претплатување кај разни комерцијални услуги. Организациите и фирмите, како тие што управуваат со аеродроми, хотели и ресторани, често имаат бесплатни пристапни точки за да ги привлечат или да му помогнат на своите муштерии. Властите или поединци кои сакаат да обезбедат услуги или да го промовираат својот бизнис, често нудат бесплатен Wi-Fi пристап. Од 2008 год. па наваму започнати се повеќе од 300 проекти (познати како Muni-Fi) низ целиот свет, за изградба на Wi-Fi мрежи на ниво на цели градови. Во мај 2008 год. Чешката Република имала 879 Wi-Fi провајдери на безжичен интернет.
РутеритеНасочувачите со Wi-fi поддршка кои имаат и вграден модем за дигитална претплатничка линија (анг. digital subscriber line modem) или кабловски модем, често се поставени по домовите или други простории и нудат интернет пристап и работење во мрежа на уредите кои се поврзани со нив, преку Wi-Fi или со кабел. Исто така Wi-Fi уредите можат да се поврзат во директна клиент-клиент врска во ad hoc режим на работа без посредство на рутернасочувач. Преку Wi-Fi денес се овозможува интернет пристап и до тоалети, кујни, па дури и дворски шупи, места кои порано биле изоставени од ваквата технологија.
 
===Wi-Fi на ниво на градови===
Ред 61:
===Домет===
 
Wi-Fi мрежите имаат ограничен домет. Типичен Wi-Fi рутернасочувач кој користи 802.11b или 802.11g фрекфенции, со надворешна антена има домет од 32 метри во затворена просторија и 95 метри на отворено. Меѓутоа, новите стандарди 802.11n на IEEE можат повеќе од двојно да го надминат тој домет. Дометот исто така зависи од фреквентниот појас. Wi-Fi сигналот во 2,4 GHz-от појас има малку поголем домет од истиот сигнал во 5 GHz-от појас. Дометот на отворено може да се подобри (преку користење на насочени антени) со поставување на антени оддалечени неколку километри од базата. Генерално, максималната енергија што Wi-Fi уредот може да ја емитира е ограничена со локалните регулативи.
Квалитетот на Wi-Fi сигналот се намалува за околу четири пати со зголемување на далечината, доколку влијанието на другите уреди остане исто.
Поради потребите за поголем домет на Wi-Fi сигналот, Wi-Fi уредите трошат доста повеќе ел. енергија од уредите кои користат други стандарди. Технологиите како Блутут (анг. Bluetooth), дизајнирани за изградба на помали мрежи, имаат домет помал од 10 метри и затоа трошат помалку ел. енергија. Други технологии со мала потрошувачка, како ЗигБи (анг. ZigBee) имаат доста голем домет, но мал проток на податоци. Големата потрошувачка на Wi-Fi технологијата претставува проблем со тоа што го намалува времетраењето на батериите кај мобилните уреди.
Ред 90:
Безжичните точки на пристап (анг. Wireless access points) поврзуваат групи од безжични уреди со жичени месни мрежи (анг. wired LAN). Точките на пристап потсеќаат на мрежените хабови кои предаваат податоци меѓу поврзаните уреди, покрај (најчесто едниот) жичените уреди поврзани на нив, како ethernet хаб или свич, со што му овозможуваат на безжичните уреди да комуницираат со жичените.
Бежичните адаптери му овозможуваат на безжичните уреди да се поврзат во безжични мрежи. Ваквите адаптери жичено се поврзуваат со другите уреди преку надворешни или внатрешни портови како PCI (Peripheral Component Interconnect), miniPCI, USB (Universal Serial Bus), ExpressCard, Cardbus или PC Card. Од 2010 год. сите нови лаптопи се произведуваат со вградени внатрешни адаптери. Внатрешните адаптери се потешки за поставување.
Безжичните рутеринасочувачи кои поврзуваат безжичните точки на пристап, ethernet свичовите и вградената програма на рутеритенасочувачите, која го овозможува функционирањето на IP адресите, NAT (Network address translation) и DNS (Domain name servers) препраќањето преку вградениот WAN (Wide area network) трансмитер. Безжичните рутеринасочувачи овозможуваат жичените и безжичните ethernet уреди да се поврзат со едen WAN уред како кабловски или DSL (Digital subscriber line) модем. Безжичниот рутернасочувач овозможува конфигурирање на сите три направи, главно точката на пристап и рутеротнасочувачот, преку конфигурирањето на една централна алатка. Оваа алатка најчесто е вграден веб опслужувач до кој имаат пристап сите жичени и безжични клиентски уред и често сите WAN клиентски уреди. Оваа алатка може да биде и програма поставена на некој десктоп компјутер, како на пр. програмата AirPort на компанијата Епл.
Безжичните мрежни мостови ги поврзуваат жичените со безжичните мрежи. Мостот се разликува од точката на пристап по тоа што точката на пристап ги поврзува безжичните уреди со жичената мрежа на нивото на data-link слојот. Два безжични мостови можат да се искористат кога треба да се поврзат две жичени мрежи во места каде што не може да се постави кабел, како на пример две одделени куќи, па се поставува безжична врска меѓу нив.
Уредите за проширување на домет кај безжичните мрежи или попознати како репетитори, можат да го зголемат дометот на веќе постоечка безжична мрежа. Стратешки поставените репетитори можат да го прошират дометот на сигналот или да му овозможат на истиот да надмине некаква пречка, како на пр. ходници во форма на англиското L. Кај безжичните уреди кои се поврзани преку репетитори може да се појави зголемена латентност на сигналот при секој премин од еден репетитор на друг. Додатно на тоа, квалитетот на сигналот кај безжичен уред чиј сигнал се пренесува преку синџир од репетитори, ќе зависи од најслабата врска меѓу два соседни репетитори во тој синџир.
Ред 127:
* [[Точка на безжичен пристап]]
* [[Безжична локална мрежа]]
* [[Безжичен рутернасочувач]]
 
==Надворешни врски==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Wi-Fi