Разлика помеѓу преработките на „Социологија“

Нема измена во големината ,  пред 2 месеци
с
Правописна исправка, replaced: допринос → придонес (4) using AWB
с (Јзична исправка, replaced: индивидуите → единките (2) using AWB)
с (Правописна исправка, replaced: допринос → придонес (4) using AWB)
[[Податотека:Emile Durkheim.jpg|мини|150п|лево|Емил Диркем]]
Формалната академска социологија ја основа Емил Диркем (1858 - 1917), кој го разви позитивизмот како основа за практично проучување на општеството. Диркем ја основа правата европска катедра за социологија во универзитетот во Бордо во 1895 година, со објавување на неговото дело Правилата на социолошката метода. Во 1896 година тој го започна журналот Социолошка година. Антолошката монографија на Диркем Самоубиство (1897), проучување на стапката на самоубиства меѓу римските католици, еврејската и протестантската популација, ја оддели социолошката анализа од психологијата или филозофијата. Таа исто така претставуваше значителен доприноспридонес кон теоретскиот концепт на структуралниот функционализам. Тој се обиде да ги примени социолошките наоди во потрагата по политичка реформа и општествена солидарност. Според Диркем, социологијата би можела да се опише како „наука на институции, нивната генеза и нивно фунцкионирање“.
 
Првиот факултетски предмет под име „Социологија“ го предаваше во САД на Јеил универзитетот во 1875 година Вилијам Греам Самнер. Во 1883 година Лестер Ф. Ворд, првиот претседател на Американското социолошко здружение, го објави делото Динамична социологија - или применета општествена наука заснована врз статичката социологија и поедноставните науки, со што ја нападна социологијата на „пушти ги да прават што ќе прават“ на Херберт Спенсер и Самнер. Вордовата книга од 1 200 страници беше употребена како базичен материјал на многу од првичните предавања за социологијата во Америка. Во 1890 година започна најстариот, до денес постоечки, курс (предмет) во модерната традиција, на универзитетот во Канзас, кој го предаваше Френк В. Блекмар. Катедрата за социологија на универзитетот во Чикаго беше основана во 1892 година од Албион Смол. Џорџ Херберт Мид и Чарлс Кули, кои се запознаа на универзитетот во Мичиген во 1891 година (заедно со Џон Дјуи), се преселија во Чикаго во 1894 година. Нивното влијание доведе до појавата на социјалната психологија и симболичниот интеракционизам на модерната чикашка школа. Американски социолошки журнал беше првпат издаден во 1895 година, и беше следен од Американско социолошко друштво (АСД) основано во 1905 година. Социолошкиот „канон на класиците“, предводен од Диркем и Макс Вебер, му должи делумно и на Талкот Парсонс, на кој му се припишува и запознавањето на американската јавност со нив двајцата (Диркем и Вебер). Парсонс ја консолидираше социолошката традиција и ја утврди агендата за американската социологија во мигот кога таа имаше најголем подем во полето на дисциплините. Социологијата во Соединетите Држави беше историски помалку под влијание на марксизмот отколку истата во Европа, и до ден денес таа воглавно останува постатична во својот пристап.
=== Методологија на социолошките истражувања ===
[[Податотека:Lazarsfeld1941 Lge.jpg|мини|150п|лево|Пол Лазарсфелд]]
Пол Лазарсфелд е наречен „основач на модеранта емпириска социологија“ за неговите бројни доприносипридонеси во полето на методологијата.
Методите на истражување на општеството можат да се поделат во две пошироки категории:
* Квантитативните методологии кои им приоѓаат на општествените појави преку квантитативно измерливи докази. Тие пестопати се потпираат врз статистички анализи на многу случаи (или преку за таа намена креирани третмани во некој експеримент) за да се изработат валидни и сигурни (поуздани) општи податоци.
=== Економска социологија ===
Терминот „економска социологија“ беше првпат употребен од Вилијам Стенли Џевонс во 1879 година, а подоцна применет како кованица во делата на Дуркеим, Вебер и Симел помеѓу 1890 година и 1920 година. Економската социологија се издигна како нов пристап кон анализата на економските појави, нагласувајќи ги класните односи и модернизмот како филозофски концепт. Односот помеѓу капитализмот и модернизмот е значајно прашање, веројатно најдобро прикажан во Веберовото дело Протестантската етика и духот на капитализмот (1905) и Симеловото Филозофијата на парите (1900). Современиот период на економската социологија, исто така познат како нова економска социологија, беше консолидирана со делото на Марк Грановетер од 1985 година со наслов „Економски дејствија и општествена структура: Проблемот на вграденост (вклопеност, вгнезденост) Ова дело го обработи концептот на вграденост, според кој економските односи помеѓу одделни лица или фирми се одвиваат во рамките на постоечки општествени односи (и така се структурирани според овие односи, како и според поголемите општествени структури од кои тие односи претставуваат дел). Анализата на општествената мрежа е примарната методологија за проучување на оваа појава. теоријата на Грановетер за силата на слабите врски и концептот на Роналд Барт за структуралните дупки се две најпознати теоретски доприносипридонеси во ова поле.
 
=== Животна средина ===
 
=== Работа и индустрија ===
Социологијата на работата, или индустриската социологија, ги набљудува „смеровите и импликациите на трендовите во технолошката промена, глобализацијата, пазари на трудот, работната организација, менаџерските практики и односите во сферата на вработеноста, до степен до кој овие трендови се тесно поврзани со постојано менувачките модели на нееднаквост во модерните општества, како и во полето на менувачките искуства на поединците и семејствата, односно начините на кои работниците ги предизвикуваат, им одолеваат и ги даваат своите лични доприносипридонеси кон моделирањето на работата и обликувањето на работните институции.
 
=== Социологијата и другите академски дисциплини ===