Академска диплома: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Канада и САД: Правописна исправка, replaced: 9-тиот век → 9 век using AWB
с →‎Еволуција на терминологијата за дипломите: Јазична исправка, replaced: 19-от век → XIX век using AWB
Ред 27:
=== Еволуција на терминологијата за дипломите ===
 
Именувањето на дипломите на крај било поврзано со проучуваните предмети. Научниците на факултетите за уметност или граматика станале познати како "магистри", но оние во теологијата, медицината и правото биле познати како "доктори". Бидејќи студирањето на уметност или граматика било неопходен предуслов за да се студираат теми како теологија, медицина и право, докторската диплома поседувала повисок статус од магистерската диплома. Ова довело до модерна хиерархија во која дипломата Доктор по Филозофија, која во својата сегашна форма како диплома базирана на истражување и дисертација е развиена во 18-от и 19-отXIX век на германските универзитети, е понапредна диплома од Магистар за Уметности. Практиката за користење на терминот доктор за докторите на науки била развиена во рамки на германските универзитети и се проширила низ академскиот свет.
 
Француската терминологија е тесно поврзана со оригиналните значења на термините. Baccalauréat (споредено "диплома") се доделува на француските студенти кои успешно го завршуваат средното образование и го признава правото за студирање на универзитет. Кога студентите дипломираат на универзитет, им се доделува лиценца, слично како што се правело во средновековното образование на занаетчии, со што биле квалификувани да учат во средните училишта или да продолжат со повисоко ниво на студии. Шпанија имала слична структура: терминот "Bachiller" се користел за оние кои завршиле средно или високо ниво на училишно образование, познато како "Bachillerato". Стандардниот 5-годишен шпански универзитет имал диплома "Licenciado", (иако имало неколку сродни 3-годишни дипломи наречени "diplomaturas", при што оние што ќе се здобиеле со "diplomados" би можеле да продолжат да учат за сродна licenciatura). Највисокото ниво било "доктор".