Институт за национална историја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: 19 век → XIX век (2) using AWB
Ред 2:
'''Институт за национална историја''' ('''ИНИ''') — државна научна установа основана со уредба на владата на [[Социјалистичка Република Македонија|НР Македонија]] од [[22 јули]] [[1948]] година, со основна задача да ја проучува [[историја на Македонија|историјата на Македонија]] и македонскиот народ, на народностите и на етничките групи што живеат во неа. Со посебен Закон за Институтот за национална историја од [[1965]] година поблиску се определени неговите задачи. Седиштето на Институтот за национална историја е во [[Скопје]]. За прв директор е именуван [[Митко Зафировски]], а денешен директор на Институтот е д-р [[Драги Ѓоргиев]].
 
ИНИ својата дејност ја остварува преку научноистражувачка, издавачка и наставна дејност (последипломските и докторските студии).
 
==Историјат==
Институтот за национална историја низ годините минал низ неколку фази. Првата фаза е четиригодишниот период од 1944 до 1948 година, која се одликува со силно влијание на југословенската и советската историографска школа.<ref name="ИНИ">д-р Марјан Димитријевски: „Историја на Институтот за национална историја“, Скопје, ИНИ, 2013 г., стр. 7-29</ref> Темелите на идејата за создавање на Институт за национална историја биле псотавени на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година.<ref name="ИНИ"/> Бил формиран специјализиран Историски отсек при Главниот штаб на Југословенската армија, за Македонија, со задача да прибира и да подредува архивска граѓа.
 
Во почетокот на 1948 година, кога Институтот се наоѓал во фаза на организациско оформување, бил формиран Научен совет како претходница на Институтот.<ref name="ИНИ"/> Во напорите за прибирање изворни материјали и за формирање библиотечни фондови, најголем придонес имал еден од основоположниците на ИНИ, д-р [[Љубен Лапе]], кој во 1946 година учествувал во преземање на библиотеката и архивата од Македонскиот научен институт во Софија, што е донесена во НР Македонија.
 
Институтот како самостојна научна институција бил формиран со Уредба бр. 8556, која Владата на НРМ ја потпишала на 20 јули 1948 година. Првото име гласело: Научен институт за национална историја на македонскиот народ, со седиште во Скопје.<ref name="ИНИ"/> Во оваа фаза се пристапило кон конципирање на модерната македонска историографија.
 
Во периодот од 1980-1990 година, започнал процесот на критичко превреднување на научните достигнувања на македонската историографија, и се појавил стремежот да се обработат некои „табу теми“ за кои Институтот во претходниот период воопшто не се произнесол.<ref name="ИНИ"/>
 
Во 2008 година бил донесен нов Закон за научно-истражувачка работа, а две години подоцна, Институтот го прилагодил својот Статут со Законот.
 
== Одделенија ==
 
Научноистражувачката дејност Институтот ја врши преку седум постојни одделенија:
 
* Одделение за античка и средновековна историја на Македонија (до [[1371]] година)
* Одделение за историјата на Македонија во време на османско-турското владеење (до почетокот на [[19XIX век]])
* Одделение за проучување на периодот на преродбенското и националноослободителното движење во [[19XIX век]] до [[1912]] година
* Одделение за историјата на македонскиот народ ([[1913]]-[[1941]])
* Одделение за историјата на македонскиот народ ([[1941]]-[[1991]])
* Одделение за историјата на малцинствата на [[Балкан]]от и иселеништвото
* Балканолошко одделение
 
Од [[1957]] година Институтот издава научно списание „Гласник”.
Ред 56:
== Надворешни врски ==
* [http://www.ini.ukim.mk/ Институт за национална историја]
 
 
{{УКИМ}}