Универзална декларација за човековите права: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Банкок → Бангкок (3) using AWB
Ред 31:
На 10 декември 1948 година, Генералното собрание ја донесе Универзалната декларација којашто беше изгласана со 48 гласа за, а ниту еден против и 8 воздржани (воздржани беа сите држави од Советскиот блок: Белорусија, Чехословачка, Полска, Украина и Сојузот на Советските Социјалистички Републики, потоа Југославија, Јужна Африка и Саудиска Арабија).
 
Следниве земји гласаа за Декларацијата: Авганистан, Аргентина, Австралија, Белгија, Боливија, Бразил, Бурма, Канада, Чиле, Кина, Колумбија, Костарика, Куба, Данска, Доминиканската Република, Еквадор, Египет, Ел Салвадор, Етиопија, Франција, Грција, Гватемала, Хаити, Исланд, Индија, Иран, Ирак, Либан, Либерија, Луксембург, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Никарагва, Норвешка, Пакистан, Панама, Парагвај, Перу, Филипините, Тајланд, Шведска, Сирија, Турција, Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави, Уругвај и Венецуела.
 
Во почетокот, канадската влада беше воздржана од гласање за донесување на Декларацијата и покрај главната улога којашто ја имаше Канаѓанецот Џон Хамфри, но подоцна во Генералното собрание, Владата гласаше во корист на финалната верзија.
Ред 39:
Основната структура на Универзалната декларација беше воведена во вториот нацрт на Декларацијата којшто го изготви [[Рене Касен]]. Касен работеше врз основа на првиот нацрт којшто го изготви Џон Петерс Хамфри. Во Структурата беше присутно влијанието на Наполеоновиот законик, вклучувајќи и преамбула и општи воведни начела. Касен ја споредуваше Декларацијата со портикото на грчки храм составен од темел, скали, четири столба и педимент. Член 1 и 2 се основните блокови со нивните начела на достоинство, слобода, рамноправност и братство.
 
Седумте ставови од преамбулата во коишто се наведени причините за Декларацијата се претставени со скалите.
 
Главниот текст на Декларацијата ги претставува четирите столба. Првиот столб го сочинуваат правата на поединецот, како што се правото на живот и забрана на ропство, односно членовите 3-11. Вториот столб, односно членовите 12-17 е составен од правата на поединецот во граѓанското и политичкото општество. Третиот столб, односно членовите 18-21 се однесуваат на духовните, јавните и политичките слободи како што се слободата на вероисповед и слободата на здружување. Во четвртиот столб, односно членовите 22-27 се утврдени социјалните, економските и културните права.
 
Во моделот на Касен последните три члена од Декларацијата го сочинуваат педиментот којшто ја врзува структурата. Овие членови се однесуваат на должноста на поединецот кон општеството и забраната за користење на правата за прекршувања на целите на Обединетите нации.
Ред 70:
'''''Член 1.'''''
Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се обдарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.
 
 
'''''Член 2 '''.''
Сите права и слободи наведени во оваа Декларација им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се : раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус.
 
 
'''''Член 3.'''''
Секој има право на живот, слобода и сигурност.
 
 
'''''Член 4.'''''
Никој нема да биде роб или потчинет; ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни форми.
 
 
'''''Член 5.'''''
Никој нема да биде подложен на тортура или на суров, нехуман или понижувачки третман или казна.
 
 
'''''Член 6.'''''
Секој има право насекаде да биде признаен како личност пред законот
 
 
'''''Член 7.'''''
Сите луѓе се еднакви пред законот и на сите им припаѓа, без никаква дискриминација, еднаква заштита со закон. На сите им припаѓа еднаква заштита од каква и да е дискриминација, што е во спротивност на оваа Декларација и од какво и да е поттикнување на таква дискриманција.
 
 
'''''Член 8.'''''
Секој има право националните судови ефикасно да го заштитат од кршење на основните права кои му се признати со уставот и законите.
 
 
'''''Член 9.'''''
Никој човек нема да биде подложен на произволно апсење, притвор или прогонување.
 
 
'''''Член 10.'''''
Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него.
 
 
'''''Член 11.'''''
Ред 112 ⟶ 102:
 
2. Никој нема да се смета за виновен за кое и да е кривично дело поради дејство или пропуст, што не претставувале кривично дело според националното или меѓународното право во времето кога тоа било сторено. Исто така, не смее да се изрече казна поголема од онаа што се применувала во времето кога било сторено кривичното дело.
 
 
'''''Член 12.'''''
Никој нема да биде изложен на произволно вмешување во неговиот приватен и семеен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед. Секој има право на правна заштита од таквото вмешување или напади.
 
 
'''''Член 13.'''''
Ред 122 ⟶ 110:
 
2. Секој има право да ја напушти земјата, вклучувајќи ја и неговата сопствена земја, како и да се врати во својата земја.
 
 
'''''Член 14.'''''
Ред 128 ⟶ 115:
 
2. Луѓето не можат да се повикаат на ова право во случај на прогонување што произлегува од неполитички злосторства или од дејствија што се спротивни на целите и начелата на Обединетите нации.
 
 
'''''Член 15.'''''
Ред 134 ⟶ 120:
 
2. Никому не смее произволно да му биде одземено неговото државјанство, ниту пак ќе му се порекне правото да го промени државјанството.
 
 
'''''Член 16.'''''
Ред 142 ⟶ 127:
 
3. Семејството е природна и основна ќелија на општеството и има право на заштита од страна на општеството и државата.
 
 
'''''Член 17.'''''
Ред 148 ⟶ 132:
 
2. Никој нема да биде произволно лишен од неговата сопственост.
 
 
'''''Член 18.'''''
Секој има право на слобода на мислата, совеста и религија. Ова право ја вклучува и слободата – човекот да ја промени својата религија или убедување, како и слободата – човекот, поединечно или во заедница со други луѓе, приватно или јавно, да ја манифестира својата религија или убедување преку подучување, практикување, одржување служби или обреди.
 
 
'''''Член 19.'''''
Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите.
 
 
'''''Член 20.'''''
Ред 162 ⟶ 143:
 
2. Никој не може да биде принуден да членува во некое здружение.
 
 
'''''Член 21'''.''
Ред 170 ⟶ 150:
 
3. Волјата на народот ќе биде основата на власта, волјата на народот ќе се изразува на повремени и автентични избори, што ќе се одржуваат, со универзално и еднакво право на глас и со тајно гласање или според соодветните процедури на слободно гласање.
 
 
'''''Член 22.'''''
Секој, како член на општеството, има право на социјана сигурност и има право да ги остваува своите економски, социјални и културни права, неделиви од неговото достоинство и слободниот развој на неговата личност, и тоа преку национални напори и меѓународна соработка и во согласност со поредокот и потенцијалите на секоја држава.
 
 
'''''Член 23.'''''
Ред 184 ⟶ 162:
 
4. Секој има право да основа и да се зачленува во синдикати заради заштита на неговите интереси.
 
 
'''''Член 24.'''''
Секој има право на одмор и слободно време, вклучувајќи ги тука и разумното ограничување на работното време и правото на повремен платен одмор.
 
 
'''''Член 25.'''''
Ред 194 ⟶ 170:
 
2. На мајките и на децата им припаѓаат посебна грижа и помош. Сите деца, без оглед на тоа дали се вонбрачни или не, ќе ја уживаат истата социјална заштита.
 
 
'''''Член 26.'''''
Ред 202 ⟶ 177:
 
3. Родителите имаат првенственото право да го изберат видот на образованието што ќе им биде дадено на нивните деца.
 
 
'''''Член 27.'''''
Ред 208 ⟶ 182:
 
2. Секој има право на заштита на моралните и материјални интереси што произлегуваат од кое и да е научно, литературно или уметничко дело, чиј автор е тој.
 
 
'''''Член 28.'''''
Секој има право на општествен и меѓународен поредок, во кои правата и слободите наведени во оваа Декларација можат да бидат целосно реализирани.
 
 
'''''Член 29.'''''
Ред 220 ⟶ 192:
 
3. Овие права и слободи во ниту еден случај не можат да бидат користени на начин што е спротивен на целите и принципите на Обединетите нации.
 
 
'''''Член 30.'''''
Ред 229 ⟶ 200:
=== Оддавање признание ===
 
Многу еминентни личности ѝ оддале признание на Универзалната декларација. Либанецот Чарлс Малик, филозоф и дипломат ја нарече „меѓународен документ од најголема важност“, додека пак на 10 декември 1948 година, Еленор Рузвелт, првата претседателка на Комисијата за човекови права (ЦХР) кој ја изготви Декларацијата изјави:
 
- Декларацијата може да стане меѓународната [[Магна Карта]] на сите луѓе во целиот свет.-
 
На 5 октомври 1995 година, папата Јован Павле II во својот говор УДХР ја нарече:
 
- Еден од најголемите изрази на човековата совест на нашето време. –
 
Исто така, на 10 декември 2003 година, Марчело Спатафора во име на [[Европската унија]] изјави:
Ред 245 ⟶ 216:
=== Критики од исламистите ===
 
Исламските земји како што се Судан, Пакистан, Иран и Саудиска Арабија ја критикуваа Универзалната декларација за човекови права поради тоа што тие сметале дека не ги зема предвид културниот и религискиот контекст на исламските земји. Во 1982 година, иранскиот претставник во Обединетите нации, Саид Раџи Корасани ја искажа позицијата на неговата земја во однос на Универзалната декларација за човекови права, велејќи дека УДХР е „секуларно разбирање на јудејско-христијанската традиција“, коешто муслиманите не можат да го применат без кршење на исламскиот закон.
 
На 30 јуни 2000 година, муслиманските земји коишто се членки на [[Организација на исламската конференција|Организацијата на исламската конференција]], официјално одлучија да ја поддржат Каирската декларација за човекови права во исламот, којашто е алтернативен документ каде што се вели дека луѓето „имаат слобода и право на достоинствен живот во согласност со исламскиот закон шеријат“. Меѓутоа, според овој документ не е призната слободата за промена на религијата, изедначувањето на жените со мажите или пак, непристрасност при споредувањето религии.
Ред 253 ⟶ 224:
Либертаријанците и некои конзервативци веруваат дека позитивните права коишто други луѓе мора да ги обезбедат преку наметливо извлекување, на пример оданочување, ги негираат неотуѓивите права на другите луѓе. Во врска со декларацијата за право на бесплатна здравствена заштита, во член 25, Ендру Бисел, поддржувач на објективизмот рече:
 
- Здравствената заштита не расте на дрво. Ако тоа право треба да им се даде на одредени луѓе, средствата за обезбедување на тоа право мора да бидат конфискувани од други луѓе... Никој нема да сака да работи во областа на медицината ако наградата за многуте години вредно школување и учење не им се плати чесно, туку наместо тоа добие пациенти коишто сметаат дека имаат право на нечии напори и Влада којшто ги потчинува токму оние умови од коишто зависат животите на пациентите. –
 
=== Образование ===
 
Многу поборници за алтернативното образование, особено за нешколувањето (unschooling) не се согласуваат со член 26 во којшто е пропишано дека „... образованието е задолжително.“ Според филозофиите на Џон Холт како и на други луѓе, самото задолжително образование го прекршува правото еден човек да може мирно да ги следи своите интереси:
 
- Ниту едно човеково право не е посуштинско од ова, со исклучок на правото на живот. Слободата на учење на еден човек е дел од неговата слобода на мисла, што е поосновно дури и од неговата слобода на говор. Ако некому му го одземеме правото да одлучи за што ќе се интересира, тогаш ја уништуваме неговата слобода на мисла. Ние всушност, велиме дека не треба да мислите на она што Ве интересира и Ве засега, туку треба да мислите на она што нас нè интересира и нè засега.-
Ред 263 ⟶ 234:
'''„Бегство од детството“ Џон Холт'''
 
Овој пример на зборот „задолжително“ е единствениот во целиот документ. Зборот „принудува“ е употребен двапати и притоа во двата случаи е со негативна конотација.
 
=== Право да одбиеш да убиеш ===
Ред 275 ⟶ 246:
'''Помошник-генерален секретар на Обединетите нации и лауреат на Нобеловата награда за мир Шон Мекбрајд, Нобелово предавање 1974 година.'''
 
== Декларацијата од БанкокБангкок ==
 
Во Декларацијата од БанкокБангкок којашто ја донесоа министрите од азиските земји на средба во 1993 година, којашто претходеше на Светската конференција за човекови права, азиските влади ги потврдија своите заложби во однос на начелата од [[Повелба на Обединетите Нации|Повелбата на Обединетите нации]] и Универзалната декларација за човековите права. Тие го изнесоа својот став за меѓусебната зависност и неделивоста на човековите права и ја потенцираа потребата од универзалност, објективност и неселективност на човековите права. Меѓутоа, тие, исто така, ставија акцент на начелото на независност и начелото на немешање, барајќи да се стави поголем акцент на економските, социјалните и културните права, а особено повеќе на правото на економски развој отколку на граѓанските и политичките права. Декларацијата од БанкокБангкок се смета за значајно изразување на перспективата на “Азиските вредности“ којашто нуди опсежна критика на универзализмот на човековите права.
 
== Надворешни врски ==
Ред 284 ⟶ 255:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Обединети нации]]
[[Категорија:Човекови права]]