Малешевски Планини: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 30:
'''Малешевски Планини''' — средновисок [[планински венец]] во источниот дел на [[Република Македонија]] и [[Пиринска Македонија]] (денес во [[Бугарија]]). Припаѓаат на грaмадните планини од [[Родопската маса]]. Се протегаат лачно во правец јз–си. Должината на главното било изнесува 32&nbsp;км, а површина на планината е {{км2|315}}. Билата се заоблени, без јасна определеност и издаденост на сртот, а највисоки врвови се [[Џами Тепе]] (1.801 м) и [[Ченгино Кале]] (1.748 м), кој што ја претставува најисточната точка на територијата на Република Македонија. [[Брегалница]] и [[Ратевска Река]] длабоко се всечени во старите [[палеозоик|палеозојски]] карпи — некаде речиси [[кањон]]ски. Билата се голи, а планинските страни се покриени со [[бука|букова]] и [[даб]]ова [[шума]].<ref>''Британика Енциклопедиски Речник''. Топер, МПМ, 2005, Книга 6, стр. 35 </ref>
 
Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, а во пониските делови спрема [[Малешевска Котлина|Беровската Котлина]] се покриени со [[неоген]]и наноси. Преку билото на [[планина]]та минува делумно [[Македонија|македонско]]-[[Бугарија|бугарската]] граница. На највисоките делови се наоѓа изворскиотизворишниот дел на [[река]]та [[Брегалница]], каде се наоѓаат и неколку водопади, кои поради својата убавина се туристичка атракција.
 
Во орографските записи на книгата [[Материјали по изучувањето на Македонија]], македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]], вбројувајќи ги во источниот планински систем дава опис на ''Малешевските Планини'' преку кои [[Плачковица]], или подобро речено [[Огражден]] е соединета со [[Осогово]] преку една напречна и соединувачка линија долга околу 14 часа, спружена по вододелницата на реката [[Струма]] на право и [[Вардар]] преку неговата лева притока [[Брегалница]]<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|editor=превод: Марио Шаревски|edition=2016|year=1896|pages = 148|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Некаде снижена, некаде издигната, таа линија ги заградува цело [[Малешево|Малешевско]] и [[Пијанец|Пијанечко]] и се протега паралелно на р. Струма крај самата неа. Целата линија се именува ''Малешевски Планини'',а од нејзините местни имиња како што одиме од југ кон север, се нарекуваат ''Беровска Планина''<ref name="Ѓорче Петров" />. Следуваат ''Чија'' и ''Кита'' помеѓу селата [[Ратево]] и [[Лаки]]. Дотука планината иако се снижува како што се протега кон североисток сѐ уште ги зачувува истиот карактер и височина со североисточниот крај на Огражден, од каде што таа започнува<ref name="Ѓорче Петров" />. По на североисток од тука, веригата е значително поснижена, пораскината и посоголена<ref name="Ѓорче Петров" />.