Традиција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: трансмисијата → преносот using AWB
с →‎Динамички и конзервативни елементи на традицијата: Јазична исправка, replaced: конзистентен → доследен using AWB
Ред 51:
За нешто да биде сметано за традиција, групата треба да е согласна дека тоа содржи карактеристики кои самата таа ги идентификува како суштински за дефинирање на традицијата. Истовремено, за да остане релевантна, традицијата мора постојано да се прилагодува, да се менува и развива заедно со развојот и промената на групата. Во неговата книга „Динамика на фолклорот“ Бар Толкин вели дека традицијата претставува рамнотежа на елементи кои се менуваат и елементи кои остануваат исти. Тој сугерира дека [[фолклор]]от поседува и „динамички“ (променливи) и „конзервативни“ (статични) карактеристики кои му овозможуваат да биде адаптибилен, но исто така што создава чувство на континуитет. Она што ја прави традицијата витална и динамична е креативноста. Иако Толкин се фокусира на вербалната уметност и изборите кои ги прават поединците преку нивните креативни потези, овие концепти исто така се релевантни и за невербалната уметност и процесот на промена низ кој поминуваат групите.
 
Поврзувањето на овие два дела - конзервативниот и динамичкиот, или „законот на близнаци на фолклорниот процес“ - објаснува како е можно истовремено зачувување на базичните идеи на фолклорот и постоење на варијации. Толкин сугерира дека за некои елементи на структурата или карактеристиките на текстот е помалку веројатно да се променат отколку други, и дека вербалниот фолклор останува најконзервативен по природа, бидејќи неговата структура и значење можат да зависи од римата и играта со зборови. Па дури и тогаш, ситуациите во кои овие видови изрази се споделуваат создаваат чувство на динамизам. Некои од можните варијации на фолклорниот текст се состојат во тоа како, кога и од кого тој се споделува: дури и кога текстот е конзистентендоследен контекстот во кој тој се споделува може да не биде таков. Можете да им поставите загатка на група ваши пријатели, но од луѓето кои се присутни и од ситуацијата може да зависи како таа ќе биде примена и како на неа ќе биде одговорено.
 
Овие промени не мора да бидат драматични. Изборот на групата за некаква промена може да биде направен свесно, заради креативни или естетски причини, или заради влијание врз свеста на публиката и потребата традицијата да се прилагоди на вкусовите. Промените можат да се случат и без свесност или контрола, и да бидат поврзани со групното или поединечното искуство. Но промените мораат да бидат релевантни, да имаат значење и да се соодветни за групата во која се споделува фолклорот. Теориите на Толкин за законот на близнаци на фолклорниот процес покажуваат дека централна карактеристика на фолклорот е она што е варијабилно и секогаш под влијание на надворешни и внатрешни промени кои се случуваат во групата.